за

Новиот дизајн на Kia: Спротивностите се привлекуваат

Првите фотографии од Kia EV6 го означија почетокот на новото дизајнерско поглавје на марката чијшто автомобили и досега беа забележливи.

EV6 е првиот модел на Kia што се нуди само со електричен погон и воедно е прв модел што пристига со новата дизајнерска филозофија на марката.

Појавувањето на Kia EV6 означува многу промени во корејската марка. Електричниот автомобил користи платформа што е развиена само за него, односно за електричен погон. Во поглед на каросеријата, тоа носи предности во просторноста и неколку новини во функционалноста. Производителот опишува дека EV6 во кабината е просторен како луксузна лимузина. Во поглед на техниката, новиот електричен кросовер со 800-волтната архитектура ќе може да ја наполни батеријата за околу половина час, на брз полнач.

За техниката и за самиот модел се зборуваше многу пред објавувањето на првите фабрички фотографии кои јасно го прикажувааат изгледот на електричниот кросовер. До фактичката светска премиера што ќе се пренесува во живо на дигиталните канали на Kia остануваат уште неколку денови.

Главниот дизајнер Карим Хабиб, при објавувањето на службените фотографии на Kia EV6, ја претстави новата дизајнерска филозофија на марката, именувана Opposites United, односно спротивностите обединети – во смисла на „правилото“ дека спротивностите се привлекуваат. Таа се потпира на пет клучни дизајнерски столбови:

Bold for Nature (Смело заради природата)

Овој дел од филозофијата се повикува на испреплетувањето со природата. Деталите, формите и пропорциите во новиот дизајн на Kia се присутни и во светот на природата и во светот на луѓето. Овој дел од дизајнот вклучува органски, но во исто време и технички целини и површини во внатрешноста на возилото. Во надворешниот изглед, овој „столб“ се огледува во спојот од чисти и едноставни линии со нагласени површини што се менуваат постојано.

Joy for Reason (Радост со причина)

Со овој столб се опишуваат чувството и амбиентот во идните модели на Kia. Идните дизајни ќе го соединуваат емотивното со рационалното, создавајќи возила што влијаат врз расположението на патниците, преку нивна релаксација и инспирација. Во овој столб се вклучени и новите органски материјали и боите што се повеќе впечатливи, заради искажување на чувството на младост и на игривост.

Power to Progress (Моќ за прогрес)

Моќта за прогрес произлегува од постојните дизајнерски моќи на марката. Со вцртување и развој на вештините и искуствата што се стекнати во псоледната ера на промени во Kia, а коишто се раководени според дизајнот, идните производи на Kia ќе продолжат да напредуваат во дизајнот и во формата. Идните дизајни ќе се потпираат на искуството и креативноста во осмислувањето нови дизајни.

Technology for Life (Технологија за живот)

Преку примена на нови технологии и иновации се создава позитивна врска меѓу луѓето и машините. Во идните возила на Kia ќе се применува кориснички интерфејс (UX) од нова генерација, со новини во осветлувањето, во чувството и во можностите за поврзување – со цел и клиентите да се поврзат со своите автомобили.

Tension for Serenity (Напнатост заради спокој)

Предизвикува напнатост меѓу спротивставените сили и креативните контрасти и ја признава рамнотежата во дизајнот којашто произлегува од две спротивставени сили. Оттука произлегуваат возбудливи дизајнерски концепти што користат остри, високо технички детали, што создаваат површинска напнатост – постигнувајќи на тој начин, хармонична дизајнерска визија што е насочена кон иднината.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen светска ѕвезда: Милион луѓе го следеле „Power Day“

BMW стартува нова генерација на iDrive