BMW стартува нова генерација на iDrive

Новиот BMW iDrive е развиен за ракувањето со функциите да се приспособи на дигиталниот свет. Премиерата ќе биде во електричните BMW iX и i4.

Ракувањето со новиот систем iDrive е поинтуитивно и поедноставно. По 20 години од воведувањето на тогаш единствениот систем за ракување, следи комплетно преработена логика на ракувањето. Системот е сменет во толкав обем што повеќе не станува збор за ракување, туку за интеракција, односно возилото самото се приспособува според ситуацијата и според возачот.

Како основа за системот послужи Оперативниот Систем 7.0 на BMW, кој се вградува во постојните модели на Баварците. Новата верзија 8.0 ќе ја има својата премиера во BMW iX, а потоа и во BMW i4 – двата модели се чисто електрични автомобили.

https://photos.app.goo.gl/FAp6osdLHKaBhBKQ6

Новиот iDrive го сочинуваат три компоненти. Тоа се големиот заоблен дисплеј, контролерот за iDrive и говорните команди. Задавањето наредби преку говорни команди во иднина ќе има централна улога во BMW, покраj класичното ракување преку допир. Бројот на копчиња повторно е преполовен. Системот што се води како интелигентен личен асистент, ќе биде во состојба да дава одговори зависно од ситуацијата. Тој воедно служи и како интерактивен прирачник за ракување со возилото. BMW уште не открива колку е збогатен обемот на функции во споредба со постоечкиот систем.

Ракувањето со климатизацијата се сели во дисплејот

За ракување со климатизацијата служи единствено средишниот дисплеј од 14,9 инчи. Автоматската работа на климата е усовршена со помош на податоците што се насобрани во минатите години и дотокот на воздух со нoвиот iDrive се приспособува автоматски. Единствено треба да е избере саканата температура, посебно за возачот, за совозачот или назад, а понатаму системот регулира самостојно.

https://photos.app.goo.gl/o2CedfrWMHdib3L28

Темелно е сменет и дизајнот на целиот систем. Боите се ненападни и претставуваат заштитен белег на системот. Повпечатливи од боите се формите и анимациите што се прикажуваат на дисплеите. На дигиталните инструменти и на средишниот дисплеј може да се избира различен профил, на пример за спортски или штедлив режим. Во некои режими има и по десет вредности што може да се менуваат. Новина се „My Modes“ во замена за сегашниот класичен режим на возење. Покрај возните параметри, на пример за работата на управувањето или тврдоста на амортизерите, може да се менува и светлото во кабината или придружниот звук на електричниот погон.

https://photos.app.goo.gl/sreNXD7DufYzKfXU6

Преку оперативниот систем на BMW се поврзани околу 2,5 милиони возила. Сите тие испорачуваат податоци до „облакот“, а секој клиент на BMW има корист од тоа. Замислата за вмрежен возен парк не е нова, тоа што е ново е стандардот 5G што Баварците првпат го користат за размена на податоци. Со тоа, BMW е подготвен за следната деценија, преку молскавично брза размена на податоци со серверите на BMW.

Благодарение на петте моќни компјутери во автомобилот ќе може да се разменуваат само информациите што навистина се неопходни, додека поголемиот дел од податоците ќе се обработуваат во самото возило. Вчитување нов софтвер со големина од еден гигабајт ќе трае само 20 минути. Конкуренцијата може да сонува за ваква брзина. Сопствениците на актуелните модели на BMW нема да можат да го вчитаат новиот оперативен систем, но е можно да добијат верзија со сменет дизајн.

https://photos.app.goo.gl/6CMdW4RNW4WwCDQn6

За разлика од останатите прозиводители, BMW со новиот систем дозволува и апликации од трета страна. Apple CarPlay и Android Auto во иднина ќе бидат интегрирани уште подобро во моделите на BMW.

Системот iDrive е значително поедноставен во споредба со претходните верзии. Ракувањето со новиот оперативен систем 8.0 ќе биде многу поинтуитивно и повеќе ќе се потпира на говорни команди. Класичниот контролер iDrive сепак останува составен дел од моделите на BMW и по 20 години од неговото воведување.

https://www.instagram.com/p/CMcf8ztHnGL/

https://photos.app.goo.gl/6sWmxpPap4Uzqmda6

https://photos.app.goo.gl/EY62KFrJDu1nqrg67

BMW iX & BMW i4 ќе се произведуваат со зелена струја од минхенската „Матка“

Претходна објаваНовиот дизајн на Kia: Спротивностите се привлекуваат
Следна објаваSuzuki Jimny ќе добие изведба со продолжена каросерија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here