за

Новото Volkswagen Polo GTI ги загрева гумите за старт

Volkswagen објави цртеж со изгледот на спортската изведба на Polo со ветувачката ознака GTI во новото моделско годиште.

Точно по викендот во којшто обично се одржува средбата на GTI на езерото Вертер во Австрија, којашто и годинава изостанува поради ковид, Volkswagen го најавува новото Polo GTI.

Моделското освежување на спортската изведба на Polo што ги следи стапките на Golf GTI се случува кусо по претставувањето на стандардната изведба на популарниот модел во новото моделско годиште. Верно на своето име GTI, спортското Polo нуди чиста динамика и впечатлив изглед. Тоа се едни од клучните фактори што придонесоа за подигнувањето на култот околу GTI. Светската премиера на новото Polo GTI ќе се одржи кон крајот на јуни.

„Еднаш GTI, секогаш GTI“ – тоа е мотото на фановите на спортските модели на Volkswagen со трите букви што им се волшебни. Новото Polo GTI ги загрева гумите за претстојниот старт. По традиција, тој е најсилниот во моделската понуда на Polo. Со моќен мотор, динамично дотерано спортско подвозје и препознатлив дизајн, моделот се издвојува во уличната слика. Секако дека посебната вредност е во тоа што спортскиот автомобил не познава за ограничувања во секојдневието.

Повеќе детали за новиот модел по премиерата кон крајот на следниот месец.

>>> Volkswagen Polo го доби стилот на Golf 8

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Недостигот од чипови се чувствува и во фабриките на Mercedes

Плетенград: Toyota создава прототип на градот на иднинатаПлетенград: Toyota создава прототип на градот на иднината

Водородот главен извор на енергија во модел-градот на Toyota