за

Водородот главен извор на енергија во модел-градот на Toyota

Toyota и Eneos ќе го развиваат футуристичкиот „Плетенград“ како средина во којашто водородот ќе биде главен енергенс.

Плетенград: Toyota создава прототип на градот на иднинатаПлетенград: Toyota создава прототип на градот на иднината
Плетенград: Toyota создава прототип на градот на иднината

Корпорациите Toyota и Eneos започнаа ново партнерство за истражување на можностите за масовна примена на водородот како главен енергенс во Плетенград (Woven City), град-прототип за иднината, кого што Toyota го подигнува во подножјето на планината Фиџи, во градот Сусоно.

Во рамките на новата соработка, Eneos и Toyota, заедно со холдингот Woven Planet, кој е огранок на Toyota, ќе тестираат масовна примена на водородот во и околу Плетенград, почнувајќи од производството, снабдувањето, до неговото користење како енергенс. Овој амбициозен зафат е дел од стратегијата на Јапонија, којашто заедно со уште неколку најнапредни држави и региони ширум светот, се обврза до 2050 година да постигне целосна неутралност во поглед на емисијата на СО2.

Eneos е водечка компанија во бизнисот со водород, со 45 комерцијални станици за точење водород како гориво во четири метрополи во Јапонија. Компанијата развива и технологии за производство на водород и гради мрежа од станици за точење на водород што е произведен без СО2.

Во овој автобус со погон на водород работи техника од Toyota Mirai
Во овој автобус со погон на водород работи техника од Toyota Mirai

Toyota силно се залага за водородот како еден од енергенсите со најизвесна иднина. Во таа насока, Toyota досега ја има применето технологијата во сериски автомобили (Mirai, две генерации), камиони, вилушкари и други индустриски возила, возови и бродови, како и во стационарни генератори на струја.

Идејата со Плетенград е да се постигне средина којашто е неутрална во однос на емисијата на СО2 и на своите граѓани им овозможува среќен, здрав и одржлив живот.

Договорено е Eneos да постави станица за точење водород во Плетенград, произведен со примена на енергија од обновливи извори. Во градот исто така ќе бидат поставени стационарни генератори што користат горивни ќелии. Водородот ќе се промовира како гориво за доставата на производи и за снабдувањето на градот.

>>> Водородна Toyota Mirai во редовна продажба во Германија, субвенција 7.500€

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новото Volkswagen Polo GTI ги загрева гумите за старт

За работа во Ferrari сонуваат три четвртини Италијанци

За работа во Ferrari сонуваат три четвртини Италијанци