за

Водородна Toyota Mirai во редовна продажба во Германија, субвенција 7.500€

Во понудата од модели на Toyota се наоѓа и автомобил со погон на водород – кој веќе ја доживува својата втора генерација, и „поевтин“ е од претходникот.

Toyota Mirai II

Toyota Mirai може да се нарача во продажната мрежа на марката на најголемиот автопски пазар, во Германија, исто како Aygo или хибриден RAV4. Посебноста на моделот е во тоа што користи водород како погонско гориво. Секако дека цената за оваа еко-ексклузивност е висока, но затоа државата асистира.

Toyota Mirai, прочуениот автомобил со погон на водород на јапонскиот шампион, влегува во својата втора генерација, со поголем досег, посилен погон, повеќе простор – и пониска цена од претходникот. Лимузината со најексклузивниот погон во светот веќе е достапна за нарачки во салоните на Toyota, секако, во Германија, најголемиот автомобилски пазар во Европа и сосем извесно еден од највлијателните.

Најголемиот нагласок во втората генерација на автомобилот, што досега е испорачан во повеќе од 10.000 примероци ширум светот, поставен е на динамиката и во пријатното чувство во возењето, како и во безбедноста. Во погонот нема што клучно да се менува, сепак станува збор за најнапредниот погон што воопшто е достапен во автомобил.

Потрошувачката на водород на Toyota Mirai изнесува 0,79 килограми на сто километри; Емисија на штетни материи Нула

Дизајнот е спој на спортска нота и елеганција. Во кабината сега има простор за пет патници, наспроти претходникот кој нудеше место само за четири патници. Новина во сериската опрема е посебен систем за пречистување на воздухот што ги пречистува дури и микроскопските, но затоа исклучително штетни честички PM2,5.

https://photos.app.goo.gl/xRueRUrKEDCAAw84A

Основната изведба на германскиот пазар чини 63.900 евра, вклучувајќи ДДВ од 19 проценти. Над тоа следат уште две повисоки нивоа на опрема. Купувачите можат да избираат меѓу седум бои за каросеријата. Фамозниот пакет Toyota Safety Sense работи во моментно најнапредното ниво и покрај самостојно запирање, нуди и систем за задржување во лента и помош при скршнување на крстосница, кој го запира возилото кога возачот гледа дали наидува возило, но затоа пред неговиот Mirai минува пешак или велосипедист кои не ги гледа во моментот. Истото важи и за возила што наидуваат на крстосница.

Доколку возачот не реагира на предупредувањата од системите во возилото при опасност од излетување од патот или преоѓање во соседната лента, во Toyota Mirai се активира системот „Driver Emergency“, што во тој случај смета дека возачот има здравствени потешкотии и го паркира возилото покрај работ.

Импресионира и приспособливиот темпомат, што освен на побавни возила, реагира и на остри свијоци и самостојно ја забавува лимузината. По излегување од свијок, темпоматот ја враќа претходната брзина.

Најважното сепак е погонот на водород. Со додавање трет резервоар за водород и со посилна, но покомпактна горивна ќелија (во којашто се случува хемиската реакција што понатаму произведува електрична енергија од којашто се најпојува погонскиот електромотор) досегот на Toyota Mirai се зголеми на 650 километри. Електромоторот е со моќност од 130 kW, односно 182 КС. Полнењето со водород трае околу три минути – во случај кога постои станица што точи водород. Тоа е воедно и апсолутно единствениот недостаток кај водородниот погон. Меѓутоа, изградбата на мрежа од станици за водород, исто како и производството на самиот водород (нормално, за тој енергетски интензивен процес може да се користат соларни панели) ќе се реализираат сé побрзо и поедноставно, како што светот ќе се откажува од нафтата.

https://photos.app.goo.gl/LAKWj83A9dWba26M7

Самата горивна ќелија е поставена под предната хауба, додека електромоторот и батеријата што се користи само за асистенција, вградени се назад. На тој начин се постигнува совршена тежинска распределба 50:50 меѓу оските.

Платформата GA-L што ја користи Mirai е идентична со знаменосецот на целата корпорација, Lexus LS, како и со кралот во домашната понуда на Toyota, Crown.

Со цената од 63.900 евра, Toyota Mirai во втората генерација е „поевтина“ за 14.700 евра од претходничката, којашто чинеше 78.600 евра. Со пониската цена се овозможи Mirai да влезе во рамките на ценовната категорија за којашто германските власти одобруваат субвенција. Конкретно за водородната Toyota, субвенцијата изнесува 7.500 евра и истата се одбива од основната неоданочена цена на возилото, што значи дека „попустот“ реално е дури и повисок, односно цената на крајот ќе биде под 55.000 евра.

>>> Шоферска служба минала 5.000.000 km со водородни Toyota Mirai

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

audi e-tron gt proizvodstrvo

E-tron GT стартува како прв електричен Audi од германска фабрика

Suzuki SJ 413 samurai

Лозата на Suzuki Jimny (III дел): Генерацијата од 1981 до 1998