Големиот СУВ-модел на Audi на струја веќе е класика на сцената на електричните автомобили. На E-Tron сега му се придружува купе-лимузината E-tron GT, којашто ќе се докажува со врвни перформанси и возни својства во финиот пазарен сегмент на електричните возила што се развива одлично.
Во фабриката во Некарсулм започна производството на првиот електричен модел на Audi од германска продукција – прв, затоа што неговиот брат E-tron доаѓа од фабриката во Брисел. За производството во престижните погони во Белингер Хефен се користи строго струја од обновливи извори. Хартија и амбалажа исто така се туѓи поими во оваа фабрика. Алуминиумот и пластиката се дел од системот за рециклирање. Покрај тоа, Audi E-tron GT е прв модел на Баварците за којшто не се изработуваа пробни макети при развојот.
Станува збор за најсилниот електричен автомобил на Audi. Брзината буквално му е вродена на овој модел, затоа што не постои други автомобил што марката го развила за толку кусо време. Некарсулм и досега беше главен центар за моделите со приклучен хибриден погон и благ хибриден погон во сериите A6, A7 и A8.
Врвна грижа за животната средина при производството на Audi E-tron GT во Белингер Хефен
Audi внимава секој процес во фабриката да биде според врвни стандарди за заштита на животната средина. Целата логистика по шински пат за којашто е задолжена DB Cargo работи неутрално во поглед на емисијата на штетни материи и одржливоста. Во локалниот камионски превоз се користат возила со погон на метан или на струја. Шпедицијата, секако, користи камиони со погон на биометан. За добавување компоненти од подолги релации се користат два камиони со погон на течен природен гас (метан на исклучително ниска температура).
https://photos.app.goo.gl/mct7Nsx6uZSHwLHG8
Во истата фабрика од 2014 година се произведува и суперспортскиот R8. Со почетокот на производството на E-tron GT, погоните во Белингер Хефен се специјализираа за двата најсилни модели во понудата на Audi, кои се изработуваат на иста линија, иако станува збор за комплетно различни концепти возила, вклучувајќи го и самиот електричен погон на новата купе-лимузина.
>>> Audi e-tron GT се произведува исто како суперавтомобил

















