за

За работа во Ferrari сонуваат три четвртини Италијанци

Ferrari е најпривлечна компанија за италијанските работници во истражувањето на Randstad.

За работа во Ferrari сонуваат три четвртини Италијанци

Ferrari е компанијата за којашто најмногу сакаат да работат Италијанките и Италијанците. Така покажа истражувањето во рамките на Randstad Employer Brand Research 2021.

Според истражувањето што е признаено во светски рамки, дури 74,3% од Италијанките и Италијанците сонуваат да работат во Ferrari. До резултатот е дојдено преку оценување од пет гледишта: Добар баланс меѓу работата и приватниот живот, позитивна работна средина, плата и повластици, сигурност на работното место и репутација на марката.

„Наградата е потврда за тоа колку Ferrari им е близок на Италијанците и претставува признание за нашата обврска, за работна средина во којашто секој може да ги искаже страста, креативноста и талентот“, оценува Микеле Антониаци, главниот кадровик на Ferrari. Директорот на кадровото одделение понатаму наведува дека компанијата моментно е најмногу посветена на тренинг, инклузивност и добросостојба, покрај останатите вредности што се вклучени во истражувањето.

Randstad во последното истражување ги вклучува одговорите на повеќе од 190.000 лица од 34 држави ширум светот. Во истото беа опфатени близу 6.500 компании. Во Италија во истражувањето учествуваа 6.581 лице на возраст меѓу 18 и 65 години.

>>> Кои модели на Ferrari & Co се продаваат најдобро?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Плетенград: Toyota создава прототип на градот на иднинатаПлетенград: Toyota создава прототип на градот на иднината

Водородот главен извор на енергија во модел-градот на Toyota

Porsche Macan

Porsche Macan добива втор фејслифт, во 2023 година доаѓа електричен Macan