за

Porsche Macan добива втор фејслифт, во 2023 година доаѓа електричен Macan

Трето полувреме за Porsche Macan. Со второто моделско освежување, Porsche му обезбедува уште неколку години на престижниот СУВ-модел. Првично беше план моделот да се замени со нов во 2023 година.

Porsche Macan

Porsche Macan останува, електричен Porsche Macan доаѓа. Актуелната генерација на СУВ-моделот од средната класа требаше да се замени со нова во 2023 година. Нова генерација на Porsche Macan секако дека ќе има, но таа ќе вози само на струја и ќе се продава паралелно со автомобилот што сега доживува моделско освежување.

Две години пред пристигањето на наследникот што ќе вози на струја, Porsche Macan доживува уште едно моделско освежување. Во вообичаени услови, Macan веќе требаше да се појави во нова моделска генерација. Porsche го има овој модел во својата понуда уште од 2014 година, а од последниот фејслифт минаа три години. Но, условите на пазарот во меѓувреме се сменија. Со овој фејслифт, Macan ќе продолжи да се продава паралелно со електричниот Macan што е во план да стартува во 2023 година.

„Во текот на 2021 година ќе претставиме уште еден модел-наследник на актуелниот Macan со обичен погон“, најави шефот за развој во Porsche, Михаел Штајнер. Под модел-наследник се подразбира моделско освежување на постоечкиот Macan.

Причината за овој стратешки чекор е фактот што „во Европа постојано расте побарувачката за електрични автомобили“, објаснува Штајнер. „Но, брзината со којашто одредени региони во светот се развиваат во поглед на електромобилноста, не е секаде иста.“ Поради тоа, Porsche нема целосно да се откаже од класичните мотори во својот успешен модел.

Macan во меѓувреме го препушти своето место на најпродаван модел на Porsche. Лани, првото место му припадна на Cayenne. Наспроти 78.124 примероци од Macan, лани биле продадени 92.860 примероци од Cayenne. Во 2019 година, Мacan достигна 99.994 примероци. Иако продажбата лани се намали, Macan го задржа уделот во продажбата од близу една третина.

Porsche конструираше „делфин“ што издржува до 200 km/h

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

За работа во Ferrari сонуваат три четвртини Италијанци

За работа во Ferrari сонуваат три четвртини Италијанци

Роботи-помагачи се движат самостојно во фабриката на Seat