за

Porsche конструираше „делфин“ што издржува до 200 km/h

На патиштата на коишто не постои брзинско ограничување, кровниот багажник не смее да го ограничува Porsche.

Применливоста во секојдневието е тоа што прави моделите на Porsche отсекогаш да се издвојуваат од останатите спортски автомобили. Во прилог на тоа оди новиот кровен багажник „со високи перформанси“ од специјализираното одделение Porsche Tequipment.

Одушевувањето од техниката и перформансите на Porsche во овие денови се движи во дополнителна димензија. Спортската марка одлично го продава својот електричен Taycan, а на тој успех сега се надоврзува и спортското комби Taycan Cross Turismo. Кој има екстра багаж што треба да се носи во кровен багажник, на располагање ја има новата перформанс-варијанта, што издржува до 200 km/h. Новиот кровен багажник ќе биде достапен во центрите на Porsche веќе од мај, во меѓувреме се работи и на изведби за останатите модели.

Впечатливиот дизајн е дело на студиото F.A. Porsche. На задната страна се наоѓа тридимензионален натпис Porsche во сребрена боја. За багажникот да биде во тон со бојата на каросеријата, може да се нарача страничните перки да бидат бојадисани во доломит-сребрена металик, карера-бела металик и вулкан-сива металик. Со екстра доплата, овие детали можат да се грундираат и потоа да се лакираат во самата боја на возилото.

Технички податоци

Димензии (Должина / Ширина / Висина): 212,0 × 92,0 × 44,5 cm
Зафатнина: 480 литри (простор за најмалку пет пара скии и три сноубордови)
Носивост: До 75 килограми
Прицврстување: Со систем со брз брави
Отворање: Од двете страни
Вклучен прибор: 3 ремени за прицврстување, заштитна навлака со патпис „PORSCHE“, 2 пара нараквици со налепница со грбот на Porsche
Во продажба: Од мај 2021
Цена: Багажник: 1.150 евра нето, странични перки во боја: 350 евра нето, странични перки грундирани: 200 евра нето

>>> Porsche очекува годинава да продаде повеќе од 300.000 автомобили

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi со одлични резултати во првиот квартал, менаџерите се „претпазливо оптимистични“

Opel Mokka на запознавање со фудбалерите на Борусија Дортмунд