за

Opel Mokka на запознавање со фудбалерите на Борусија Дортмунд

Професионалците на Борусија Дортмунд се појавуваат во новиот видео-спот за Opel Mokka, претходните епизоди постигнаа двомилионска гледаност.

Познати фудбалски имиња во новиот спот за Opel Mokka. Фудбалерите на Борусија Дортмунд, Томас Дилејни, Торган Азар и Џад Белингем, ја искусија новата Opel Mokka, вклучувајќи ја и нејзината електрична изведба Mokka-e.

Ако еспресо може да направи денот да започне енергично, што ли може да направи една мока? Со таа идеја се занимаваат Дилејни, Азар и Белингем, фудбалери на Борусија Дортмунд, во новиот онлајн-спот што е изработен во соработка меѓу Opel и финалистот во Купот на Германија во фудбал за 2021 година.

Секако дека главното место во спотот ѝ припаѓа на новата Opel Mokka. Новото видео ја продолжува успешната кампања на друштвените мрежи на Opel и на Клубот, кој долги години ги забавува гледачите со емисии од типот на квиз-такси. Видеото стартува на најмоќната дигитална платформа јутјуб. Главната целна група на Mokka се младите возачки и возачи и тие што се останати млади во срцето.

Слоганот во видео-спотот: „Не да пиеш мока, да туку возиш Mokka!“

Томас Дилејни во спотот ги прашува своите соиграчи, дали и нив да им направи еспресо. Тие се заблагорадуваат за понудата, не сакаат еспресо. „Но, мора да ја пробате мока. Многу е моќна“, препорачува играчот од средниот ред. На тоа следат зачудените погледи од колегите: „Не, не зборувам за пиење, туку за возење мока“. На фудбалерите тоа не треба да им се кажува двапати. Додека Дилејни фаќа свијоци со електричната Opel Mokka-e, Азар и Белингем крстосуваат низ градот со екстра-спортската Opel Mokka GS Line.

Со претходните спотови со играчите на „Борусија“, Opel постигна двомилионска гледаност, меѓу другото со спотовите за Opel Corsa-e и за хибридната изведба на Opel Grandland X. Германската автомобилска марка е спонзор на Борусија Дортмунд уште од 2012 година, а од пред четири години е стратешки партнер на осумкратниот германски шампион.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche конструираше „делфин“ што издржува до 200 km/h

Mакедонските возачи на TWINGO CUP викендов во Словачка, пренос на ТВ