Mакедонските возачи на TWINGO CUP викендов во Словачка, пренос на ТВ

Интернационалните настапи на македонските возачи во Twingo Cup продолжуваат викендов со настап на патеката Словакија Ринг.

На словачката тркачка патека викендов се вози втората трка од Twingo Eurocup, со бодување согласно регулативите и признанијата на FIA CEZ. Пласманите ќе се бодуваат и за првенството на Македонија. Пријавени се вкупно 27 возила, осум автомобили возат Македонци: Ненад Костовски, Давид Малинковски, Мартин Костовски, Зоран Миракоски, Емил Нацка, Ангелче Стојковски, Владимир Тренески и Милан Ѓорѓевиќ.

Преносот на натпреварите ќе се емитува на Канал 5 Телевизија во следните термини:

  • 08.05.2021 (Сабота) Прва трка – 16:10 часот
  • 09.05.2021 (Недела) Втора трка – 10:50 часот

Во вторатата сезона на Твинго купот, покрај две кружни трки во Кичево и две ридско брдски на домашно тло, се вози и на меѓународни натпревари, на коишто нашите возачи ќе бидат бодувани согласно регулативите и признанија на FIA CEZ и тоа во: Серес – Грција (Јуни), Гробник – Хрватска (Јули) Red bull Ring – Австрија (Септември) и финална трка за заокружување на сезоната, повторно во Серес – Грција (Ноември) CEZ, во организација на АКК Рено Спорт Скопје.

Поддржувачи на купот се Аутомотив Груп, RENAULT, Триглав Осигурување, Power Sport System (PSS) и Шпаркасе Лизинг, кои овозможуваат трките да се организираат на високо ниво, како на домашните, така и на меѓународните автомобилски патеки.

>>> Твинго Куп: Фантастичен резултат на Македонците на Хунгароринг

Претходна објаваOpel Mokka на запознавање со фудбалерите на Борусија Дортмунд
Следна објаваŠkoda ја зголеми продажбата за 7,2% во првиот квартал

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here