за

Кои модели на Ferrari & Co се продаваат најдобро?

Ѕвездите во продажните статистики се автомобилите што секодневно се среќаваат по улиците ширум Европа. Овојпат еден различен преглед, на најпродаваните суперспортски и суперлуксузни автомобили.

Ferrari F8 Spider svetska premiera

Корона-кризата силно ја погоди автомобилската бранша и тоа досега е елаборирано многупати. Еден пазарен сегмент сепак остана имун и на овој „нов“ предизвик. Продажбата на луксузните и суперспортските автомобили во Европа, лани речиси и не претрпе влијание од кризата.

Моделите што обично се најдолу на списоците на најпродавани автомобили се воедно најинтересните модели на сцената. Тоа се суперспортските модели од егзотичните марки Ferrari, Lamborghini и слични, или суперлуксузните модели на британските мануфактури, Bentley, Rolls-Royce и други.

Вкупната продажба на овие автомобили лани достигнала околу 6.500 примероци, што е за 13% помалку од преклани. Големиот победник во ’20 е Ferrari. Од петте најпродавани модели во овој сегмент лани, три го носат знакот на марката од Маранело. Ferrari 488 изгубил 10% од продажното темпо во споредба со 2019 година и се наоѓа на второто место со 1.207 примероци. „Вината“ за падот на овој модел е во неговиот наследник Ferrari F8, на четврто место и со раст од 1722 проценти.

Ferrari 812 Superfast ја зголемил продажбата за 20 проценти и се наоѓа на третото место. Ланскиот шампион, Bentley Continental GT, изгубил речиси една третина од продажбата, но го задржа водството на табелата.

Aston Martin DB11 падна на петтото место, со продажба намалена за 36%, по него е Lamborghini Huracan, со -16% во продажбата. Aston Martin DBS Superleggera исто така изгубил дел од пазарот, со -34%. Ferrari GTC4Lusso дури и со пад од 54% уште е пред Rolls Royce Dawn и Wraith. Финото друштво го заокружува Ferrari SF90 Stradale со испораката на првите 8 примероци во последниот квартал лани.

Најпродавани суперспортски и суперлуксузни автообили лани

во Европа, во 20 година

Марка и модел

Примероци

Тренд

1

Bentley Continental GT / GTC

1.462

-32%

2

Ferrari 488 GTB

1.207

-10%

3

Ferrari 812 Superfast

975

20%

4

Ferrari F8

747

1722%

5

Aston Martin DB11

545

-36%

6

Lamborghini Huracan

507

-16%

7

Aston Martin DBS Superleggera

366

-25%

8

Lamborghini Aventador

357

-34%

9

Ferrari GTC4Lusso

142

-54%

10

Rolls Royce Dawn

86

-28%

11

Rolls Royce Wraith

71

-30%

12

Ferrari SF90 Stradale

8

Нов

Вкупно

6.475

-13%

>>> Suzuki втора најпродавана марка по Toyota во Јапонија лани

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault Zoe лани бил најпродаван електричен автомобил во Германија

На купувачите не им се чека електричен модел, расте интересот за бензинци

Suzuki Vitara со 48-волтен хибрид и автоматски менувач