за

На купувачите не им се чека електричен модел, расте интересот за бензинци

Во време на корона, купувачите не сакаат предолго да го чекаат својот нов електричен автомобил и на крајот пак се решаваат за автомобил со бензински мотор.

Renault Zoe лани бил најпродаван електричен автомобил во Германија

Според германскиот портал за онлајн-продажба на автомобили Carwow, побарувачката за автомобили со бензински мотор повторно се зголемува во последните неколку месеци. Главната причина се кусите рокови за испорака на моделите со бензински мотор. „На луѓето кои купуваат автомобил сега во локдаунот, тој им е потребен веднаш. Моделите со мотор со внатрешно согорување се испорачуваат побрзо.“

Дилерите ги испорачуваат моделите со бензински или дизел мотор обично за два до четири месеци. Тесно грло се јавува во испораката на електричните автомобили, каде што возилата пристигаат во просек за пет до шест месеци, соопштуваат од германската онлајн-берза Carwow. Некои модели со електричен погон се испорачуваат за три до четири месеци. Тоа главно се модели што подолго се на пазарот или модели што се развиени само како електрични автомобили. Голем број нови модели со електричен или хибриден погон штотуку се пристигнати на пазарот. За нив се долги роковите на испорака.

Посебно се долги роковите за електричните модели што се конструирани врз иста платформа со моделите со обичен мотор. Производителите не можат да реагираат толку флексибилно кај овие модели и да ја менуваат продукцијата доколку пазарот бара повеќе електрични модели. За електричното Mini треба да се чека околу десет месеци. Рекордер е Fiat 500 Electric, на кого купувачите мораат да чекаат дури четиринаесет месеци. Единствено најскапата изведба со највисокото ниво на опрема, на којашто италијанскиот производител заработува најмногу, може да се добие за четири месеци. Истиот случај важи за Mazda MX30 и за Opel Mokka-e.

Причината за тоа што се нудат попусти во висина од 40 или 50 процент кај малечките автомобили со електричен погон, во споредба со редовната цена, лежи единствно во тоа што во објавената цена е веќе пресметана државната субвенција за електрични автомобили. Во Германија нагло се зголеми продажбата на електрични автомобили, откако државата стартуваше со масивни субвенции, во висина до 9.000 евра. Државата учествува со шест илјади евра, преостанатите три илјади субвенција се од дилерите. Актуелниот локдаун во земјата ја придуши продажбата на електрични автомобили, но трендот јасно се движи во нивна насока.

>>> Од сите продадени возила во Европа лани, 12% се хибриди, 10,5% се електрични

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

kia рекорден удел јануари 2021

Kia во јануари со рекордни 4,0% удел во Европа

Ferrari F8 Spider svetska premiera

Кои модели на Ferrari & Co се продаваат најдобро?