Volkswagen им ја продава електричната платформа MEB на индиските производители

Индија ќе започне со сопствено производство на електрични возила. Според извори што се упатени во текот на преговорите, договорот меѓу Volkswagen и Mahindra е кусо пред потпишување.

Ford веќе ја користи платформата MEB на Volkswagen, за врз неа да конструира сопствени модели. Наскоро и индискиот производител на автомобили Mahindra ќе ја добие на располагање оваа технологија од германскиот концерн, за да развива сопствени модели за домашниот пазар.

Во моментов се привршуваат преговорите за лиценцирање на платформата. Тоа го соопштија директорите на Volkswagen за време на салонот ИАА во Минхен. Томас Шмал, шеф за техника во Волфсбург, кажа: „Ние сме на последните точки пред потпишувањето на договорот со Mahindra и се радуваме на соработката“.

Најавата дека Mahindra ќе добие лиценца за користење на платформата MEB не е толку нова. Уште од август лани е познато дека Индијците планираат во следните седум години да почнат да произведуваат пет сопствени модели со електричен погон, што ќе бидат конструирани врз платформата MEB. Потпишувањето на договорот се одложуваше.

Сосем е извесно дека во видно време ќе биде склучен договор. Ford во фабриката во Келн го произведува електричниот СУВ-модел Explorer, којшто во основата е MEB-платформа со различна каросерија од ID.4, Audi Q4 e-tron или од Skoda Enyaq.

Со продажбата на платформата MEB на индиската Mahidra, Volkswagen ќе обезбеди свежи пари за претстојната трасформација во концернот. Не е познато колкава сума ќе платат Индијците за користењето на MEB.

Претходна објаваСамо Германци и Кинези на салонот на автомобили ИАА во Минхен
Следна објаваKia EV9 е најдобар луксузен превоз според германските новинари

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here