за

Kia EV9 е најдобар луксузен превоз според германските новинари

Жири од 27 новинари од германското говорно подрачје ја избраа Kia EV9 за најлуксузно возило од девет модели во конкуренција.

Тој е зачетникот на новиот дизајнерски правец на марката, седумседот со огромна кабина Kia EV9

Kia EV6 уште е свежа на пазарот и веќе успеа да ја постави корејската марка високо на листата на производители што предводат со сцената на преодот во ерата на електромобилноста. Во меѓувреме, вториот електричен модел на Kia врз сопствена платформа, EV9, пишува звучни наслови.

Кусо по пазарниот старт на својот петметарски СУВ-седумсед EV9, Kia веќе ги освои симпатиите на 27-членото жири на изборот за „German Car of the Year 2024“. Еден од ретките електрични модели што нуди простор за седум патници, победи во категоријата на изборот за најлуксузен автомобил.

Во конкуренција влегуваат модели со цена на основен модел од преку 70.000 евра. Вкупно девет модели годинава се натпреваруваа за титулата за најлуксузен модел.

Автомобилските експерти и во 2022 година ѝ оддадоа признание на Kia дека умее со електричниот погон, прогласувајќи ја Kia EV6 за автомобил на годината, на најпрестижниот избор во Европа, на „Car of the Year“. Kia EV9 цели уште повисоко и моментно се води како знаменосец на марката, не само поради големината, туку и поради напредната технологија што е вградена во неа. Нарачките во Европа стартуваа во јули, а првите примероци ќе им бидат испорачани на клиентите уште во текот на годинава.

„Како нов знаменосец на Kia, EV9 има водечка улога да ја трасформира нашата марка во водечки понудувач на електрични возила. Со својот исклулително проспособлив и просторен ентериер, со впечатлив дизајн и технологија за ултрабрзо полнење, та постави нови стандарди во сегментот на СУВ-моделите“, кажа Вон-Јеонг Јеонг, претседател на Kia Europe.

Изборот за GCOTY се одржува шеста година. Жирито го сочинуват 27 новинари коишто годинава тестираа и оценуваа 48 модели. Изборот се води во пет категории: Компакт, премиум, луксуз, нова енергија и перформанси. Жирито во октомври ќе објави кој од одделните победници во петте категории ќе биде носител на севкупниот наслов на автомобил на годината според новинарите од германското говорно подрачје.

EV9 е најголемиот модел што Kia го има понудено на европскиот пазар досега. Петметарскиот СУВ ја дели платформата со спортскиот кросовер EV6. Главната одлика на техниката е 800-волтната мрежа, со којашто батеријата од 99,8 kWh може да наполни енергија за 239 km пат за само 15 минути.

Постои изведба со еден електромотор назаф, со 150 kW и досег до 541 km, но и верзија со погон на сите тркала, со два електромотори од по 141 kW и досег до 497 километри. Посилната изведба е достапна и во динамичка изведба GT-line. Спринтот до темпо сто трае 5,3 секунди, крајната брзина е ограничена на 200km/h.

Електричната EV6 во салонот на македонската Kia

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen им ја продава електричната платформа MEB на индиските производители

Stellantis има 28 милиони автомобили на пат што можат да користат е-горива