за

Volkswagen почнува со нарачки за електричното комбе ID. Buzz

Тоа што во 1950-те години беше Samba Bus, отсега ќе го застапува неговиот електричен наследник. ID. Buzz e „малку“ поскап, но сцената со одушевување го пречекува овој автомобил.

Комбето што влече корени од хипи-мобилот Volkswagen Bus e четвртиот европски модел врз платформата MEB. Нарачките за ID. Buzz стартуваат во петок, на 20-ти мај. Volkswagen цени дека комбето на струја ќе одговара и за семеен превоз, и за слободно време и бизнис, генерално како универзален автомобил со нулта емисија на штетни материи.

Без масивната субвенција, којашто на германскиот пазар на изнесува 7.500 евра, ценовникот за патничката изведба ID. Buzz Pro стартува од 64.581,30 евра. Товарната изведба ID. Buzz Cargo чини 54.430,60 евра, без субвенциите. Испораките ќе стартуваат веќе наесен.

Покрај електричен погон, комбето се одликува и со напредно вмрежување на системите за асистенција и на инфо-забавните системи, како и со функција на вчитување нов софтвер по пат на Over the Air-Update.

ID. Buzz им се придружува на ID.3, ID.4 и ID.5. Планот на Волфсбург е до 2030 година најмалку 70% од продажбата во Европа ја да сочинуваат чисто електрични модели. Големата цел е до 2050 година, целата активност на компанијата, значи не само возилата, туку и производството и добавувачите, да биде неутрална во поглед на емисијата на СО2. Патничката и товарната изведба се произведуваат во Хановер, неутрално во поглед на СО2.

Верзијата на ID. Buzz со пет седишта прво ќе се нуди во врвната изведба „Pro“, а паралелно ќе биде достапна и товарната изведба ID. Buzz Cargo. Батеријата е најголемата што се вградува во ID-фамилијата, со капацитет од 77 kWh (82 kWh бруто). Таа го снабдува со енергија електромоторот од 150 kW (204 КС) и 310 Nm на задната оска. Досегот изнесува до 421 километар (Cargo: 424 km). При користење брз полнач (170 kW), батеријата се полни од 5 до 80% за 30 минути.

Volkswagen ID. Buzz: Историјата од ново, електрична

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Еуроимпекс им направи добро утро на електричните автомобили на Peugeot и Opel

Во новите модели на Renault Samsung ќе работи техника од Geely и Volvo