за

Volkswagen за шест месеци испорачал 160.000 електрични возила

Трикратно е зголемена продажбата на целосно и делумно електричните возила од марката Volkswagen во првото полугодие. ID.3 стартува со продажба во Кина.

Од последното тромесечје, Volkswagen ќе го продава електричниот компакт ID.3 и на најголемиот пазар за електрични автомобили во светот, во Кина.

Volkswagen ID.3 деновиве доживува премиера на салонот на автомобили во Ченгду, како најава за почетокот на продажбата на електричниот модел во Кина. Тоа ќе биде трет модел со погон само на струја што Volkswagen го нуди на големиот пазар, по ID.4 и ID.6. Шефот Ралф Брандштетер цели неговата марка „освен во Европа, да има водечка позиција меѓу електричните автомобили и во Кина.“

Интересот за двата модели ID.4 и ID.6 е во постојан раст, откако Volkswagen во почетокот од годинава стартуваше со продажба на новата генерација електрични автомобили во земјата. Од 1.500 испорачани ID-возила во мај, во следниот месец бројката се искачила на 3.000 возила, за во јули да следи уште едно удвојување, со 5.800 испорачани возила. Волфсбург очекува годинава да испорача меѓу 80.000 до 100.000 електрични возила во Кина, со извесна резерва поради глобалниот недостиг од полупроводници.

До 2030 година, најмалку 70% од продажбата на марката Volkswagen во Европа треба да отпаѓа на чисто електрични возила, додека нивниот удел во Северна Америка и САД се очекува да изнесува најмалку 50 проценти

Во отежнати услови поради тесното грло со полупроводниците за автомобилската индустрија, Volkswagen во првото полугодие испорача трипати повеќе електрични возила отколку во истиот период лани – вкупно се испорачани 160.000 возила. Во вкупната бројка се содржани 93.000 чисто електрични возила (+182%) и околу 66.000 возила со приклучен хибриден погон (+175%).

Volkswagen е број 1 во обемот на испорачани возила со целосно електричен погон во Европа во првото полугодие, со пазарен удел од 15,4 процденти.

Расте електричното семејство на Volkswagen: ID.4 во Порше

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Зошто Tesla се судира со полициски автомобили?

Рускa Gazelle вози со погон на водород во Германија