Рускa Gazelle вози со погон на водород во Германија

Руската групација GAZ стапи во соработка со компанијата EFA-S од Штутгарт, заради реализација на проект за возила со погон на водород, што се изработени врз основа на Gazelle Next.

Два камиони Gazelle Next што користат водород место обично фосилно гориво, од летово се наоѓаат во редовна промена во службата за одржување и изградба на патишта во Еслинген. Проектот е реализиран во соработка со компанијата EFA-S, специјалист за преработка на возила и партнер на руската групација GAZ. Истиот е дел од регионалната програма за одржлив транспорт за потребите на одржувањето и изградбата на патишта во регионот на Еслинген.

Камионите со електричен погон – резервоари со водород ја заменуваат батеријата, погонот е со електромотор – се засновани врз изведбата на Gazelle Next со двојна кабина и вкупна тежина од 4,6 тони. Во возилата се вградува модул од горивни ќелии, каде што се врши раздвојувањето на атомите на водород на протон и електрон, односно се создава електричен напон, потоа резервоари за водород и напојување, помошна батерија и електромотор. Главната предност на возилата со погон на водород е големиот досег, водородниот GAZ минува до 500 километри со едно полнење. Изведбата што EFA-S ја изработува со електричен погон со батерија, минува 200 километри со полна батерија.

Клиентите на GAZ и EFA-S во иднина ќе можат да избираат меѓу електричен погон со батерија и електричен погон со водород

Товарните возила GAZ се ценат по нивната издржливост, приспособливост и ниските трошоци за одржување, што прави тие да бидат прв избор за многу компании надвор од домашниот руски пазар. Тоа важи и за македонскиот пазар, каде што досега се испорачани неколку континтенти од возила GAZ за големи компании.

Ова не е пионерско впуштање на GAZ во електричниот погон во Германија. Првите возила Gazelle Next со електричен погон со батерија стартуваа со редовна примена во земјата уште пред две години и моментно се користат за одржување на патишта и за комунална работа во Берлин, Штутгарт и други поголеми градови.

Во меѓувреме се размислува и за извоз на електричните возила на GAZ. Во Русија, во фабриката за автобуси во Ликино, веќе извесно време се одвива сериско производство на големи автобуси со погон на струја, како и на електрични камиони Gazelle e-NN.

Претходна објаваVolkswagen за шест месеци испорачал 160.000 електрични возила
Следна објаваKia Carnival доби врвни оцени за безбедност во САД

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here