за

Зошто Tesla се судира со полициски автомобили?

Управата за безбедност во сообраќајот во САД поведе истрага поради честите случаи на судир на автопилотирани возила Tesla во полициски возила.

Tesla со пуштен автопилот викендов се судрила во полициско патролно возило што било запрено покрај патот, во американската сојузна држава Флорида. Тоа не е единствен случај, вкупно седумнаесет лица се повредени досега.

Tesla Model 3 произведена во 2019 година во саботата се судрила со полициско возило во Орландо, во американската сојузна држава Флорида. Возачката на електричниот автомобил го имала пуштено автопилотот во моментот на незгодата. Уште едно возило настрадало, полицијата запрела покрај патот да му помогне на возач што имал дефект на својот СУВ. Нема повредени.

По серијата слични незгоди со автомобили Tesla што се судриле во полициско возило, поведена е истрага од страна на Управата за автопатишта и безбедност во сообраќајот. Од јануари 2018 година до денес се регистрирани вкупно 11 судири, во коишто автомобили Tesla удриле во возило на служби за интервенција и во други возила покрај нив.

Во пријавата се наведува дека незгодите обично се случувале во мрак и на сцени на судир, со пуштени ротациски светла, сигнализација на местото на судирот и поставени пилони за пренасочување на сообраќајот. Во сите случаи бил пуштен автопилотот на Tesla. Еден човек загинал во серијата судири. Се претпоставува дека токму пуштените ротациски светла ја збунуваат сензориката на возилата.

Tesla го вградува системот што го нарекува Автопилот во сите возила од поновите годишта. Иако системот се води како автопилот, потребна е будност на возачот и неговата подготвеност да реагира во секое време. Компанијата нуди и понапреден систем за автопилотирано возење под името Full Self-Driving (FSD). Системот чини 10.000 американски долари, односно 199 долари месечно при склучување договор за месечно користење.

Сите случаи во коишто автопилотирана Tesla се судрила во полициско возило

Датум, Град, Држава

07/10/2021 Сан Диего, Калифорнија
05/19/2021 Мајами, Флорида
03/17/2021 Лансинг, Мичиген
02/27/2021 Монтгомери Каунди, Тексас
08/26/2020 Шарлот, Северна Каролина
07/30/2020 Кочис Каунти, Аризона
01/22/2020 Вест Бриџвотер, Масачусетс
12/29/2019 Кловердејл, Индијана
12/10/2019 Норвок, Конектикат
05/29/2018 Лагуна Бич, Калифорнија
01/22/2018 Калвер Сити, Калифорнија

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Еден од секои шест продадени Peugeot во Британија вози на струја

Volkswagen за шест месеци испорачал 160.000 електрични возила