за

Еден од секои шест продадени Peugeot во Британија вози на струја

Peugeot до крајот на јули има испорачано повеќе од 6.000 целосно или делумно електрични автомобили на британскиот пазар.

Откако во ланскиот јануари стартуваше со продажба на своите модели со електричен погон на пазарот во Велика Британија, Peugeot годинава бележи двојно зголемување во продажбата на овие возила во земјата.

Двојно повеќе автомобили со погон на струја се продаваат годинава во Велика Британија, трет по големина автомобилски пазар во Европа, во споредба со минатата година. Расте и уделот на овие возила со целосно (чисто електрични) или делумно електричен погон (приклучни хибриди). Од удел од 10,3 проценти на британскиот пазар во првите седум месеци лани, во истата временска рамка во 2021 година, учеството на електричните возила се зголемило на 16,3 проценти.

Со повеќе од 6.000 целосно електрични или делумно електрични возила на Peugeot во периодот од јануари до јули, продажбата годинава забележила раст од 112 проценти. Џули Дејвид, директорка на Peugeot UK: „Големиот број на продадени возила со ниска емисија и големиот удел на тие возила во нашата продажба даваат големо охрабрување – големо задоволство ни причинува одличната прифатеност на нашите целосно електрични или приклучни хибридни модели меѓу нашите клиенти. Имаме обврска да понудиме електрифицирана варијанта за секое возило во нашата широка понуда до 2025 година, за нашите клиенти да ја имаат ‘моќта на изборот’ и никогаш да не прават компромиси!“

Peugeot ја лансираше актуелната генерација електрични возила во 2020 година, со e-208. Потоа следеа e-2008 и e-Traveller, а годинава се очекува да стартува и e-Rifter. Во исто време, во гамата се нудат и верзии со приклучен хибриден погон во гамата на моделите 3008, 508 и 508 SW. Во почетокот на годинава стартуваше и продажбата на 508 Peugeot Sport Engineered, спортски модел со приклучен хибриден погон со високи перформанси, прв од семејството модели од логото на Peugeot Sport Engineered. Возењето на струја е достапно и во понудата од лесни доставни возила на Peugeot, со e-Expert и e-Boxer, а наскоро и со e-Partner, кој се очекува да стартува уште годинава.

Новите 308 и 308 SW се следните модели што ќе бидат достапни со приклучен хибриден погон во две варијанти, 308 Hybrid со електромотор напред и Hybrid4 со елеткромотор и на задната оска, односно со погон на сите тркала.

Во меѓувреме, Еуроимпекс го испорача првиот примерок од e-Expert во Македонија. За тоа повеќе на следната врска (фејсбук-профил на Peugeot Македонија)

>>> Електрично Peugeot e-208 го прошета цело Мариово

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Сé за Toyota Yaris Cross: Кој е новиот конкурент на 2008, T-Cross & Aircross?

Зошто Tesla се судира со полициски автомобили?