за

Произведен последниот електричен Golf, доаѓа ID.3 само на струја

Во престижната фабрика во Дрезден, своевремено дом на Phaeton и позната како Стаклена Мануфактура, се случи уште една историски значајна смена на модели.

Произведен последниот електричен Golf, доаѓа ID.3 само на струја

Volkswagen e-Golf заминува во историјата. Од Стаклената Мануфактура во Дрезден, денес замина последниот примерок од овој модел.

Со денешниот e-Golf во уран сива боја, од март 2017 година се произведоа вкупно 50.401 примероци во Дрезден. Сега следи тринеделна работа за производствената лента да се приспособи за новиот модел што ќе почне да излегува оттука, за ID.3.

Според Дени Ауерсвалд, раководител на фабриката, „крајот на e-Golf во исто време е почеток на завршните пдоготовки за ID.3. По Цвикау, ова е втора фабрика што ќе го произведува електричниот компакт на Volkswagen. Понатаму ќе се воведуваат и други модели со погон на струја, врз база на платформата MEB.

Подготовките започнаа уште летоска. Прв од седумте нови погони што беа поставени во фабриката беше станицата за таканаречената „веридба“, односно за соединувањето на каросеријата со подвозјето.

Volkswagen e-Golf: Еден од најпродавани електрични модели во Европа

Продажбата на e-Golf започна во 2013 година и до летово моделот се произведуваше во Волфсбург. Во 2017 година се придружи и фабриката во Дрезден, заради покривање на побарувачката. За повеќе од седум години се произведоа вкупно 145.561 во двете германски фабрики.

New item by Automedia MK / Google Photos

Во Стаклената Мануфактура, од отворањето во 2001 година се произведуваа престижната лимузина Phaeton (84.235 примероци, 2001-2016), Bentley Flying Spur (2.186 примероци, 2005/2006 и 2013/2014), а од 2017 година и e-Golf (50.401 примероци).

Од стартот во септември, од електричниот Volkswagen ID.3 се испорачани над 28.000 примероци во Европа. Основната изведба ќе чини под 30.000 евра и ќе биде достапна во почетокот на следната година.

>>> Четири од пет нови возила во Норвешка во септември имаат приклучок за струја

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes е топ-марка и во размер 1:18

Mercedes е топ-марка и во размер 1:18

Во хрватски Rimac се изработуваат 6 претсериски C-Two

Во хрватски Rimac се изработуваат 6 претсериски C-Two