Почетокот на изработката на претсериските примероци во Rimac значи дека наскоро треба да се очекува и почетокот на сериското производство на надмоќниот електричен автомобил.
Овие шест примероци од претсериско производство се изработуваат на монтажната лента на којашто подоцна треба да започне и сериското производство. Возилата се наменети за дополнителни тестирања, за завршно дотерување на возилото, исто како и за хомологација за светските пазари.
Rimac в година планира да започне со редовно сериско производство на хиперспортскиот автомобил со моќност од 1.408 kW, односно 1.914 КС. Десет проценти удел во компанијата има спортската марка Porsche, којашто воедно користи и дел од експертизата на компанијата на Хрватот Мате Римац во своите електрични возила.
https://photos.app.goo.gl/KtdGsYEALc1sUPne6
C-Two располага со батерија со капацитет од 120 киловатчасови. Крајната брзина изнесува 412 km/h, а спринтот до темпо сто, според ветувањата на производителот изнесува околу две секунди. За помалку од 4,5 секунди подоцна, електро-хиперавтомобилот веќе вози со сто милји на час, односно околу 160 km/h.
Примерок од автомобилот од мала серија ќе чини најмалку еден милион евра.
















