Илон Маск сакал да ја продаде Тesla на Apple, таму биле незаинтересирани

Tesla и Apple се два концерни што имаат многу заедничко. Двата важат како иновативни и имаат верни корисници. Шефот на Tesla, Илон Маск, пред неколку години сакал да ја продаде својата компанија. Но, шефот на Apple, Тим Кук, не покажал интерес за тоа.

Apple важи како компанија што проектите ги држи во строга тајност. Но, долго време се знае во јавноста дека производителот на iPhone работи на автомобил, конкретно на роботски автомобил. Развојот на проектот под име Titan започна уште во 2014 година и моментно во него се ангажирани околу 1.000 врвни експерти. Додека автомобилот го здогледа светлото на денот, ќе минат најмалку уште четири години, така важи во последните вести оттаму.

Автомобилот од Купертино можеше да се појави многу порано. Основачот на Tesla, Илон Маск, објави на твитер дека пред неколку години сакал да ја продаде својата компанија на Apple. Но, Кук не покажал интерес за тоа на средбата со Маск.

Не се наведува датумот кога се случила средбата, но затоа се спомнува дека тоа било во „најмрачните денови“ од производството на Model 3. Тоа би требало да е на преодот од 2017 во 2018 година. Калифорнискиот производител тогаш се соочуваше со огромни проблеми околу изработката на новиот модел.

Tesla фабрика Германија
Честито добредојде за Tesla, откако беше објавено дека ќе се гради фабрика во Германија

Маск директно му се обратил на Тим Кук, шефот на Apple, за да разговараат околу можното преземање. Тогаш уште беше многу актуелно влегувањето на Apple во автомобилскиот бизнис. Но, неговиот одговор бил јасен: Не сум заинтересиран. Кук дури и не планирал да одржи средба со Маск.

Како што техно-милијардерот наведува во твитот, Tesla во тоа време можело да се купи многу поволно. Цената што ја барал Илон Маск била одвај една десетина од сегашната вредност на компанијата. Таа изнесува над 500 милијарди американски долари. Од тоа профитираше и Илон Маск, чијшто имот годинава се зголеми за повеќе од 100 милијарди долари.

>>> (2018 г.) Tesla Model 3 во САД се продава подобро од Audi и BMW

Претходна објаваВо хрватски Rimac се изработуваат 6 претсериски C-Two
Следна објаваСелско Бентли по плоштад во Скопје не смееше да ја пропушти 2020

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here