Tesla Model 3 во САД се продава подобро од Audi и BMW

tesla model 3

Tesla Model 3 во мај била најпродавана премиум лимузина во средната класа на американскиот пазар, оставајќи ги зад себе Audi A4, серијата 3 на BMW или Mercedes C-Class

Tesla веќе со месеци има проблеми да ја постигне планираната продукција на Tesla Model 3, постојано има критики и за шефот Илон Маск. Во меѓувреме, Tesla Model 3 се продава подобро од која било премиум лимузина од средната класа на американскиот пазар. Според објавата на твитер-профилот на марката, Tesla Model 3 во мај била најпродавана лимузина од премиум марка во средната класа на целата територија на САД.

Неодамна, тоа за првпат му успеа на овој електричен автомобил со основна цена од 35.000 долари во сојузната држава Калифорнија. Според графиконот на калифорискиот производител, Model 3 во мај се продавал подобро и од Mercedes C-Class, од серијата 3 на BMW и Audi A4, како и од Lexus IS.

Официјалните бројки од продажбата во мај ќе бидат познати веројатно во следниот месец, затоа што Тesla ги објавува продажбите на секои три месеци, но за ориентација може да се земат 6.250 продадени примероци од Model 3 во текот на мај. Секако дека тоа е историски најдобра месечна продажба и за марката Tesla.

Претходна објаваСтари резервни делови вредни над милион евра чувани во контејнер
Следна објаваНовата Opel Corsa со двојно пониски трошоци за развој

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here