Mercedes е топ-марка и во размер 1:18

Mercedes е топ-марка и во размер 1:18

Mercedes-Benz десетти пат е именуван за „топ-марка за пример“ и освои награди во уште седум категории во рамките на изборот за модел-автомобил на годината. Победник со титула на супер-модел за 2020 година е Mercedes-Benz 600 Landaulet од специјалистот CMC.

Голема радост во мало пакување. Тоа што во продавниците кај нас денес се среќава само спорадично, па и тоа што се нуди одвај привлекува внимание на колекционерите и општо на љубителите на автомобили, претставува само еден мал дел од тоа што ширум Европа и во САД живее како паралелна автомобилска сцена.

Mercedes ужива големо реноме и на таа сцена. Тоа се потврдува со исходот од изборот на најдобрите модел-автомобили за 2020 година. За победниците решаваа гласовите од читателите на германскиот специјализиран магазин „Modell Fahrzeug“. Тие седумпати даваа најмногу гласови за моделите на mercedes. Триумфот го заокружи титулата на „Топ марка за пример за 2020 година“. Тоа е десетти пат, марката со ѕвездата да ја освои оваа титула, во 30-годишната традиција на изборот.

https://photos.app.goo.gl/XoQUCHVtwQYMVeNr5

Супермодел на годината е Mercedes-Benz 600 (W 100) претставен „во оригинал“ во септември 1963 година, на салонот во Франкфурт. Автомобилот во размер 1:18 е изработен од специјалистот CMC, во верзијата Pullman Landaulet. Станува збор за модел што чини над 900 евра. Читателите гласаа за „титовиот мерцедес“ и во категоријата на колекционерски класични модели во размер 1:18.

https://photos.app.goo.gl/E1D58M4fJ3w5GkaM6

Меѓу победниците во изборот се наоѓа и тркачкиот AMG 300 SEL 6.8, кој неочекувано триумфираше во класата, на 24 часа Спа Франкоршамп во 1971 година. Во понуда на Schuco, овој модел-автомобил победи во категоријата на колекционерски класични модели во размер 1:87. Цената е десет евра.

https://photos.app.goo.gl/cKmv6WcidvwivThLA

За Unimog важи дека се снаоѓа во секоја мисија. Тоа важи и за моделот во размер 1:87, со далечинска радио контрола, производ на Carson Modellsport. На должина помала од пет сантиметри се вградени и погон и приемник. Пример е генерацијата 406 што се произведуваше од 1963 до 1989 година. Моделот чини 100 евра и се нуди во неколку различни варијанти.

Останатите модел автомобили според оригинални модели од Mercedes во изборот:

Актуелниот сигурносен автомобил во Формула 1, Mercedes-AMG GT R, во размер 1:43, произведен од Premium X, цена 40 евра.

+

https://photos.app.goo.gl/ChSbdkiG6LqS3g6m9

Benz 2 CN, произведуван меѓу 1923 и 1926 година, цена 135 евра, производ на Autocult, во размер 1:43.

https://photos.app.goo.gl/oji2qE4bfPxn5ziL6

Mercedes-Benz 280 SL „Pagode“ од генерацијата W 113, во размер 1:18, произведен од Schuco, со награда за иновација што придонесе цената на овој модел-автомобил да се спушти под 100 евра.

https://photos.app.goo.gl/i88kXumhY4t9LD4G9

Во онлајн-продавницата на Mercedes исто така има богата понуда од модел-автомобили https://www.mercedes-benz-classic-store.com

Претходна објаваBMW ќе пушта новогодишни честитки во автомобилите
Следна објаваПроизведен последниот електричен Golf, доаѓа ID.3 само на струја

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here