Десет нови електрични модели на Volkswagen до 2026 година

По четири месеци од стапувањето во служба, новиот извршен директор на марката Volkswagen, Томас Шефер, веќе ги пушта погоните под полна пареа. Поточно, под полн напон.

Во октомври, шефот на марката Volkswagen најави дека „офанзивата со електричниот погон ќе ја забрзаме уште толку.“ Маркус Шефер вети и дека „до 2026 година ќе пуштиме десет нови електрични модели на пазарот.“ Планот со сите овие коренити промени е „најдоцна по 2033 година, Volkswagen во Европа да произведува само електрични автомобили.“

Првите четири од најавените десет модели со целосно електричен погон ќе почнат со продажба веќе во текот на оваа година. Во меѓувреме се познати и датумите кога ќе се појават преостанатите шест новитети.

Забрзаната офанзива почнува веќе во март, со претставувањето на освеженото моделско годиште на ID.3. Тоа првично беше планирано да се случи дури в година. Меѓутоа, поради критиките за првиот електричен модел на VW, претставен во 2019 година, обновата се помести една година порано. „Осетен и видлив напредок во впечатокот за квалитет, во материјалите и во стабилноста на системот“, ветува Шефер. Испораките на целосно освежениот ID.3 ќе почнат во октомври.

Прво појавување пред светот во Шангај

На 17-ти април следи вториот голем електричен новитет, во форма на светска премиера на новиот ID.7. Моделот ќе биде претставен во Шангај, во предвечерието на тамошниот салон. Во исто време ќе се одржуваат паралелни настани во Европа и САД.

Врвниот модел во семејството ID, со досегот до 700 километри, влегува во сегментот на патничките лимузини. Електричната седумка ќе се продава ширум светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by avarvarii future cars (@avarvarii)

Во септември, на салонот за мобилност ИАА во Минхен, двата нови модели ќе бидат прикажани во спортската варијанта GTX. Двата модели ќе располагаат со моќност од 350 КС. Овој скок во перформансите ќе го доживеат и постоечките изведби GTX, во моделските семејства на ID.4 и ID.5, коишто моментно постигнуваат максимално 299 КС.

За Volkswagen да ја испочитува својата традиција во поглед на каросериските варијанти, в година ќе следи и комби-изведба на ID.7. Како што Volkswagen најавува уште сега, комбито нема да ја носи традиционалната ознака Variant.

ID.2 ќе добие нов дизајн

Доколку се вклучат фејслифтите и каросериските варијанти, тоа се веќе половина од најавените десет новитети. Тоа што изгледа како почеток на втората електрична офанзива, во реалноста е само оставштина од претходниот шеф. Големиот ID.7 и фејслифтот на ID.4 ги планираше уштe Ралф Брандштетер. Во 2025 и 2026 година следи разубавување за ID.4 и ID.5.

Првата вистински нова моделска серија е основниот модел ID.2, чијашто премиера ќе се случи во 2025 година, а потоа ќе следи и неговата СУВ-изведба ID.2X. Овој проект се одвиваше уште во времето на Брандштетер (концепт ID,Life, на сликата подолу, со претходниот дизајнер Јозеф Кабан), но Шефер побара дизајнерите да го преработат изгледот на моделот и да понудат сосем нов дизајн. Првите детали што ќе го навестат новиот изглед ќе бидат прикажани кон средината на март.

ID Tiguan стартува во 2026 година

Комплетно нов модел во програмата, што се одвива под режија на Шефер, е десеттиот нов електричен автомобил на Volkswagen. Тоа ќе биде ID Tiguan, за којшто веќе ги објавивме првите информации.

Volkswagen ID.4: Од Скопје до Гевгелија и назад со струја колку за едно печено

Пред две седмици беше дадено зелено светло за проектот да почне да се одвива. Почетокот на производството е планиран за 2026 година. Уште е неизвесно, дали моделот навистина ќе го носи моделското име Tiguan, или Шефер ќе побара и тој модел да добие своја бројка.

Тоа што меѓу гласно најавуваните десет новитети, повеќето се моделски освежувања и варијанти, беше сосем за очекување. Волфсбург не може да направи чуда и да развие целосно нова моделска серија за помалку од три или четири години. Поголем број вистински новитети може да се очекуваат дури подоцна.

Претходна објаваВработени во Toyota и Honda со најголеми покачувања во последните две децении
Следна објаваОва се најпродаваните автомобилски модели на 30 пазари ширум Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here