за

Виетнамски VinFast ги испорача првите електрични СУВ-модели

Првите домашни купувачи на електричните СУВ-модели на VinFast ги добија своите возила, следната недела во фабриката во Виетнам почнува производството на возила за пазарите во САД и Северна Америка.

Виетнамскиот производител VinFast им ги испорача првите 100 примероци од своите електрични СУВ-модели на локалните клиенти. Во декември, своите возила ќе ги добијат и купувачите во САД.

VinFast, компанија што е основана во 2019 година, се подготвува да го освои пазарот во САД, Виетнамскиот производител со своите електрични СУВ-модели VF8 и VF9 ќе се впушти во пазарна трка со компаниите со долга традиција, како и со технолошки напредните модели на стартап-компаниите. За возилата да бидат подостапни, на купувачите им се нуди можност да плаќаат месечна рата за користење на батеријата, чијашто вредност се одбива од цената на возилото при купување.

Првиот контингент од 5.000 примероци од VF8 ќе биде наменет за пазарите во САД и Северна Америка. Масовното производство почнува веќе следната недела“, изјави извршниот директор на VinFast, Ле Ти Ту Туи за агенцијата Ројтерс, на свеченото примопредавање на првите возила во фабриката во Виетнам.

Компанијата што е дел од Vingroup, во ноември ќе ги натовари своите возила на прекуокеански брод, којшто своето одредиште во Северна Америка се очекува да го достигне во декември. Виетнамскиот производител има добиено близу 65.000 нарачки за своите возила на светскиот пазар. Планот е до 2026 година да се достигне продажба од 750.000 возила, почнувајќи со СУВ-моделите VF8 и VF9.

VinFast во март најави дека планира изградба на фабрика во Северна Каролина, со почетен капацитет од 150.000 електрични возила годишно. За обезбедување на финансиите за големиот проект, во јули беа подигнати кредити во вредност од 4 милијарди долари. Во почетокот на годинава, компанијата објави дека бара локација за фабрика во Германија, во којашто ќе се произведуваат електрични возила и автобуси.

VinFast цени дека Европа ќе биде меѓу најважните пазари за виетнамскиот производител на електрични возила

Извесен господин Как Чунг е меѓу првите клиенти што ги добија своите возила на свеченоста. Тој изјави за агенцијата Ројтерс: „Очекував автомобилот да ми биде испорачан дури во ноември и бев пријатно изненаден од кусото време на чекање“. Виенамецот го нарачал својот електричен СУВ во јануари, само два месеци по премиерата на моделот. Секако дека и тој се решил за опцијата со изнајмување на батеријата. „Зошто мора да се купува батеријата?“

Моделите VF8 и VF9 на пазарот во САД ќе се продаваат по цена од 42.200 и 57.500 долари, на што ќе треба да се додаде и месечна рата за наем на батеријата.

Виетнам ќе произведува електрични автомобили во САД

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

toyota c-hr 2020

Peugeot 208 најпродаван модел, по сегменти владеат СУВ-моделите

Водич за Opel Astra: Сите цени, мотори, нивоа на опрема, опции