Виетнам ќе произведува електрични автомобили во САД

Компанијата за производство на автомобили Vinfast од Виетнам ќе произведува електрични автомобили во САД и планира да вложи милијарди долари во фабрика во Северна Каролина.

Vinfast соопшти дека потпишале писмо на намери со надлежните органи во САД, за изградба на фабрика за автомобили. Во првата фаза, во фабриката ќе се вложат 2 милијарди долари, каде што ќе се произведуваат до 150.000 возила годишно. Фабриката ќе отвори работни места за повеќе од 7.000 лица. Производството се очекува да започне во јули 2024 година. Претходно, во јануари, виетнамската компанија објави дека планира и фабрика во Германија.

Основач на Vinfast е најбогатиот Виетнамец

Меѓу моделите што ќе се произведуваат во САД спаѓаат СУВ-моделите VF9 и VF8. „Располагањето со производствени погони што се наоѓаат директно на пазарот, ќе му овозможи на Vinfast да управува проактивно со синџирот добавувачи, да одржува стабилни цени и да ја скуси испораката на возилата“, изјави шефицата на концернот Ле Ти Ту Туј. Таа е наследничка на поранешниот шеф на Opel, Михаел Лошелер, кој ненадејно го напушти Vinfast по четири месеци раководење со концернот.

Vinfast е прва автомобилска марка од Vietnam и дел е од концернот Vingroup, со седиште во Ханои. Основач и сопственик на главнинскиот удел е милијардерот и најбогат човек во Виетнам, Пам Нат Вуонг. Компанијата веќе има подружници во САД, Канада, Германија, Франција и Холандија.

 

Претходна објаваАвтоматикот на Peugeot работи совршено, повеќе нема рачка
Следна објаваЗа новиот Opel Grandland, македонскиот е историски голем пазар

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here