Рачката на автоматскиот менувач, што и така изгледаше посебно и со извесна футуристичка доза, во Peugeot 208 и Peugeot 2008 повеќе не постои. Место тоа, во европските бестселери во своите сегменти се вградува компактен и техно-симпатичен лизгач, по пример на новиот Peugeot 308.
Кој ќе посегне по рачката на менувачот во новото моделско годиште на Peugeot 208 и 2008, сигурно нема да ја најде. Рачката со впечатлива форма е заменета со „елегантна, поергономска и полесна за ракување контрола на автоматскиот менувач.“ Новината важи за моделите со бензински или дизел мотор, но и за моделите со електричен погон, за херојскиот e-208 и за неговата СУВ-придружничка е-2008.
Од една страна е добиено е повеќе простор во средишната конзола, додека од друга страна, новата контрола прилега многу подобро со Peugeot 3D-i-Cockpit. По начелото: Кога нешто е футуристичко, тогаш нека биде футуристичко сé.
Изработката исто така е впечатлива. Површината е изработена во стил на сатениран хром, во комбинација со пијано црн финиш и детали со изглед на карбон за потпората за рачниот зглоб. Сето тоа создава мошне благородно чувство.
https://photos.app.goo.gl/GMhLqcarpkHsCibG6
Со бирачот се достапни вообичаените модуси, односно R за наназад, N за празен óд и D за автоматски режим на 8-степениот менувач, кој ја приспособува работата според стилот на возење, профилот на патот и натовареноста.
На тоа следат уште два прекинувачи: P за паркинг положба и M за рачно префрлување на степените, преку рачките зад воланот. Во електричните модели e-208 и e-2008 има и копче B, со коешто се зајакнува дејството на „моторно сопирање“ на електромоторот.
https://photos.app.goo.gl/dhEf8eLBWDxMfYHa8
https://photos.app.goo.gl/oYgs6yM6viZZfMMr5
https://photos.app.goo.gl/mSE5C62szgyC3XnA6
Сите моделски изведби на Peugeot 208 и Peugeot 2008 со автоматски менувач располагаат и со електрична паркирна сопирачка.
Французите зафатија и во функционирањето на B-модусот. Тој не мора да се вклучува постојано од ново, при секое следно седнување во електричните Peugeot e-208 и e-2008, туку изборот останува непроменет, значи во B. Тоа е многу корисно кога возилото се користи претежно во град.
Така изгледаше рачката на автоматскиот менувач во Peugeot 208 и Peugeot 2008 досега
https://photos.app.goo.gl/UUoS3ezRMKrBpkfV8
Зад новиот амблем на Peugeot 308 се крие многу технологија, буквално
















