Тоа е неоспорно најконтроверзниот модел на Mercedes-Benz, што на производителот му донесе пристоен успех на пазарот – и маса коментари околу поврзаноста на Citan со Renault Kangoo. Професионалците немаат забелешки, со новиот T-Class се цели на семејства и луѓе со активен животен стил, што бараат премиум автомобил за сите пригоди.
Mercedes-Benz Citan за работа и за бизнис, вклучувајќи патничка варијанта што е добра за работа и за бизнис и за фамилијата, Mercedes-Benz T-Class само за фамилијата, за луѓе што сакаат нишка на автомобил од премиум марка и во тој посебен пазарен сегмент.
Неоспорно е дека Citan е критикуван многу, во смисла дека тоа „не е Мercedes, туку е Renault“, но освен таа критика немало ништо конкретно да ја оспори солидноста на автомобилот и општо да ги оспори квалитетите на Citan за намената за којашто е замислен. Зошто воопшто Штутгарт си дозволи да произведува возило што дели основа со не-премиум производител? Секако дека тоа е „шнапс-идеја“, туку е предмет на осмислување и анализа на врвни менаџери што работат за концернот.
Причината е многу јасна: Во сегментот на Mercedes Citan не постои модел што не се дели со друга марка. Peugeot, Citroen, Opel и Toyota ги имаат Partner, Berlingo, Combo и ProAce City, по ново техниката ја делат и Volkswagen Caddy и Ford Tourneo Connect. На тој начин се заштедуваат развојни и производствени трошоци, а тоа значи дека може да се понудат возила што се подостапни и воедно изработени солидно. На тоа се надоврзува и фактот што Mercedes-Benz има моќен огранок со товарни возила, односно доставни возила Vito и Sprinter.
Идејата да се додаде модел што ја дели техниката со друг производител, за покривање на делот од пазарот под Vito, беше реализирана со Citan. Никој немал намера да ги „мами“ купувачите, како што тоа може да се заклучи од форумите, туку е вешт менаџерски потег.
Премиум изведбата на Mercedes-Benz Citan ќе се понуди на пазарот под моделската ознака T-Class, што асоцира на традиционалното T-Modell, ознаката што марката ја киристи кај своите комби-модели уште од W123 и оттогаш е неразделна од лимузинската изведба.
Од тоа што може да се забележи на најавната слика, предниот дел на новиот T-Class се разликува драстично од Citan, со поголема стилска врска со лимузинската понуда на Mercedes-Benz. Маската е различна, браникот има сосем друга форма, па и во светлата се гледа богата содржина. Сето тоа ќе биде заокружено со впечатливи бои на каросеријата.
Според најавата од Штутгарт, понудата се збогатува со „атрактивен основен модел во Mercedes-светот за сите, што имаат потреба од многу простор, но и покрај тоа сакаат да возат автомобил со компактни надворешни димензии.“ T-Class соединува спортски-емотивен дизајн, со голема и варијабилна просторна понуда, практични лизгачки врати, како и вообичаени стандарди на Mercedes за комфор, поврзување, противвредност и безбедност.
Врв во гамата ќе биде електричната изведба, којашто ќе се води под марката Mercedes-EQ и соодветно ќе носи ознака EQT.
За работа да е, ѕвезда да носи: Новиот Mercedes Citan во Мак Аутостар