за

За новиот Opel Grandland, македонскиот е историски голем пазар

Во салонот за Opel на увозникот Еуроимпекс доживеа премиера новиот Opel Grandland. Целото одушевување околу новиот модел нé навраќа на низата Frontera, Antara – и на еден братски модел што му ја украде славата на СУВ-моделот Opel.

Три автомобили во различна моделска изведба и во различна боја на каросеријата изложени во салонот, ефектни говори на дамите од маркетингот и ПР-от на Opel во Македонија, заокружено со детална презентација на продукт менаџерот за Opel, сето тоа говори дека оваа марка е голема на македонскиот пазар, а посебно кога станува збор за СУВ-моделите.

Grandland е стратешки важен модел на Opel, што ја поврзува сегашноста на марката со шампионските Corsa и Mokka, со богатата традиција на марката, за којашто македонската автомобилска сцена е наполно свесна. Frontera во 1990-те беше меѓу најомилените модели на германската марка, и во тогаш новиот СУВ-сегмент, беше исто толку моќна, колку што купето Calibra беше моќно во градењето на имиџот на целата марка. По двете успешни генерации на Frontera следеше Antara, што во основата беше модел на Chevrolet. Секако, тоа е фамозната Chevrolet Captiva, што на македонскиот пазар – и не само тука – се продаваше фантастично. Несомнено еден од историски најуспешните модели на македонскиот пазар.

Поглавјето со Chevrolet (реално Daewoo) и со американскиот General Motors е завршено веќе со години. Тоа што досега го имаат покажано новите поколенија модели на Opel, а тоа се Corsa и Mokka, во продажбата и во реакциите во стручната сфера, сигурен знак е дека Opel се враќа на старата сила.

New item by Automedia MK / Google Photos

Во светнатиот амбиент во салонот на увозникот Еуроимпекс за марката Opel, што се наоѓа во Карпош, спроти „воена болница“, македонска премиера доживеа освеженото моделско годиште на Grandland, кусо по почетокот на испораката на моделот на главните европски пазари. По најавата од менаџерката за медиуми и односи со јавност Ана Јовановска, која го претстави моделот како „не-типичен„ и “SUV со кој можете да имате се“,  кусо претставување за брендот и за новиот салон на Opel даде маркетинг менаџерката и заменичка извршна директорка на Еуроимпекс Ивана Манчева Михајловска. која изјави: „Во автомобилската индустрија минуваме низ турболентен период, меѓутоа – што се однесува до Опел брендот, заедно со нашите ценети продажно сервисни дилери Аутомакедонија од Скопје и АутоЦем од Тетово, работиме во насока на претставување на новиот пристап на Опел брендот, новата стратегија, новите модели  и кон освојување на нови клиенти.“

По процесот на детоксификација, Опел брендот денес има нов линк (што и можете веднаш да забележите и од изложените возила надвор) а и имаме и нов таргет на публика кон која се обраќаме. Но и покрај тоа, Опел не ја менува својата ДНК: тој е доверлив модерен германски бренд, технолошки напреден и со чист и прецизен дизајн

Ивана Манчева Михајловска, маркетинг менаџерка и заменичка извршна директорка на Еуроимпекс

New item by Automedia MK / Google Photos

Продукт менаџерот за Opel, Драган Јовев, ја започна својата презентација и изјави: „Ова ни е втора промоција откако Opel направи едно големо RESET-ирање од COLD во COOL и враќање кон својата изворна ДНК: германски, модерен, возбудлив и пристапен. Овие ДНК вредности се вткаени со секој производ што излегува од Opel и го демонстрира нашето тежнеење кон квалитет, беспрекорно прецизен и чист дизајн, интуитивен ентериер, активна удобност на возачот, возење кое го ангажира возачот и корисни иновации кои се достапни на сите клиенти. Овие ДНК ги има нашиот претставник во SUV – C сегментот базиран на “multi-energy” EMP2 платформата на Stellantis – новиот Opel GRANDLAND.“

Ана Јовановска, менаџерка за медиуми и односи со јавност на Еуроимпекс

New item by Automedia MK / Google Photos

Новиот Grandland излегува од производната лента во фабриката во Ајзенах, Германија. Понудата на македонскиот пазар започнува од 25.390 ЕУР со турбобензиски мотор 1.2 со 130 КС и ниво на опременост “Grandland”.

Драган Јовев, продукт менаџер за Opel

New item by Automedia MK / Google Photos

Во целата таа германска еуфорија, посетителите имаа можност да ги погледнат и останатите актуелни модели во гамата кои беа уредно изложени пред самиот салон: Opel Corsa, Новиот Crossland, Новата Mokka и секако промотивниот модел – Новиот Opel Grandland. 

Повеќе информации за моделот можат да се добијат на веб страната opel.mk и на дилерските страници.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Сите модели на Opel што се во понуда на македонскиот пазар, со цени и детални технички податоци, како и можност за споредба, можете да ги погледнете на нашиот онлaјн-каталог Автосалон МК, на следниот линк https://avtosalon.mk/inventory/?marka=opel

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Виетнам ќе произведува електрични автомобили во САД

Македонска премиера на новата ŠKODA FABIA