за

Како војната во Украина влијае врз автомобилската бранша – и сé останато

Војната во Украина предизвикува масовни бранови бегалци и големо страдање за населението, а секако дека влијае и врз светската економија. Врз автомобилската индустрија посебно.

Во фабриката на Smart ќе се произведува ретро Land Rover

Напредувањето на електромобилноста е загрозено со воените дејствија во Украина и со санкциите против Русија. Тоа ќе остави трајни последици и врз климата, затоа што милиони електрични автомобили што можеа да се продадат во следните години, ќе останат непроизведени.

Војната во Украина директно влијае врз цената на никелот, којшто е клучна суровина за батериите на електричните автомобили. Неговата цена моментно надминува 24.000 долари по тон, што е за 18% повеќе отколку во почетокот на годинава. Како последица од тоа, можно е електромобилноста да се развива со забавено темпо во следните години.

Санкциите за рускиот никел немаат влијание само врз цената на возилата и на достапноста на возилата на пазарот, туку и западните економии ќе мораат уште долго време да се потпираат врз увозот на нафта и гас од Русија. Според аналитичарите, Русија во монатата година била трет најголем производител на никел, со повеќе од 200.000 тони.

„Геополитичките проблеми, како што е ситуацијата меѓу Русија и Украина, ја нарушуваат чувствителната рамнотежа во добавувачките синџири за метали за производство на батерии. Енормно растечката цена на никелот ќе има силно влијание врз климаполитичките амбиции на државите ширум светот и на крајот ќе го забави зголемувањето на бројот на електрични автомобили“, објаснуваат од компанијата Global Data.

Дополнителните трошоци мора да се покажат на некое место, тоа или ќе биде во добивката на производителите на автомобили или во цената што ќе ја плаќаат купувачите

Кога повеќе не може да се користат суровини од Украина или Русија, мора други нации да се вклучат во синџирот за набавка, на пример Индонезија или Филипините. Тоа ќе предизвика зголемување на цените, затоа што патот на добавувањето на суровините од двете далечни земји до фабриките во Европа повлекува и повисоки трошоци за превоз. Во исто време се зголемува и емисијата на штетни материи при добавувањето на материјалите. Производителите на автомобили во последните години вложија и големи напори и огромни средства, за емисијата на штетни материи во целиот синџир на производство, вклучувајќи го и снабдувањето со суровини и компоненти, да ја сведат на најмала можна мера, па дури и на нула.

Префрлувањето на набавката на суровини во Индонезија и Филипини ќе значи и зајакнување на зависноста од Кина, затоа што кинеските компании имаат клучно влијание на најважните рудници за Никел во тие земји

Mercedes планира целата понуда од модели да биде неутрална во однос на СО2 до 2039 година. „Веќе за следната генерација модели од нашата електрична и технолошка марка EQ, планираме дел од батериските ќелии да произведеме со 100% струја од обновливи извори“, објаснува шефот за развој и набавки во Mercedes, Маркус Шефер. Шведската марка Volvo исто така планира до 2025 година да ја намали емисијата на СО2 во синџирот на добавувачи за најмалку една четвртина.

Никелот е важна суровина за производството на литиум јон батерии. Војната во Украина доведе до најголемо зголемување на цената на никелот во последната деценија

Во повеќе фабрики за автомобили во Европа моментно е прекинато производството, затоа што кризата во Украина го прекина синџирот на добавување на важните компоненти од западот на земјата. На браншата моментно најмногу ѝ недостигаат кабли.

Со потешкотии се соочуваат и фабриките надвор од Европа. Дури и во најголемата фабрика на BMW, во Спартанбург, САД, производството е забавено. Една третина од каблите што се увезуваат во фабриката во Јужна Каролина доаѓа од Украина. Во американската фабрика се произведуваат моделите од X-сериите на BMW. германскиот концерн вложи десет милиони долари во нова линија за монтажа на батерии во Спартанбург, каде што се произведуваат и изведбите на X3 и X5 со приклучен хибриден погон.

Автоиндустријата се снабдува од 38 фабрики за компоненти во Украина

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Германски Билд: На каса ќе се одбива сума од сметката за гориво

Toyota GR86 со цена под Golf GTI: Стартува наследникот на Celica