за

Toyota GR86 со цена под Golf GTI: Стартува наследникот на Celica

Тоа е автомобил создаден за најчисто возачко уживање: Со погон назад, лесна каросерија и ниско вграден боксер со 234 КС. Toyota прима нарачки за GR86.

Мал број вистински купе модели се останати на пазарот, а и малкуте од овој вид прават сé да надоместат за отсуството на останатите. На Toyota GT86 ѝ се радуваат возачите што не реагираа на GR Yaris и чекаа да стартува купето. Германскиот огранок на Toyota ги објави цените: Старт од 33.990 евра.

Ако за постоечкиот арсенал од модели на Toyota важи дека техничката платформа TNGA го додава факторот возачко уживање во сериската опрема, тоа ќе важи двојно повеќе за овој модел: GR86, наследник на GT86, модел развиен во соработка со партнерот Subaru, што во гените го носи името Celica, а има малку и од Subaru Impreza STi.

Веднаш за цената. Со 33.990 евра за основната моделска изведба, Toyota GR86 чини најмалку пет илјади евра помалку од Golf GTI. Со боксер мотор од 2,4 литри, 234 КС и душа на чистокрвно спортско купе, со заден погон.

Тоа е третиот самостојно развиен модел во сериско производство на Toyota Gazoo Racing. Сцената веќе знае дека GR86 е „последен од неговиот вид“. Строгите закони за СО2 и со тоа условената масивна електрификација исклучуваат можност за наследникот на ова купе да вози со добар и чист бензинец.

New item by Automedia MK / Google Photos

Силата до задните тркала доаѓа од 2,4-литарски боксер со високи вртежи, со 234 КС и вртежен момент од 250 Nm при 3.700 вртежи во минута. Спринтот до темпо сто трае 6,3 секунди, односно шест десетинки повеќе со автоматски менувач. Тоа е за повеќе од една секунда подобро од претходничката Toyota GT86.

TOYOTA GR 86

Влезот во гамата на моделот го нуди изведбата GR86 Pure. основната варијанта вози со диодни светла во форма на L, алу-тркала од 17 инчи, спортски седишта и спортски волан со лого GR. Средишниот дисплеј има пречник од 8 инчи и нуди поврзување преку Apple CarPlay или Android Auto. Опремата ја комплетираат дигитален брзиномер од седум инчи, темпомат, пристап без клуч, задна камера и автоматска клима.

Средната варијанта е Toyota GR86 Schalter (старт од 36.100 евра во Германија), со полукожени седишта и грејачи, тркала од 18 инчи, спортски педали, автоматско местење на висината на светлата и заштита од кражба „d-dot dna“.

New item by Automedia MK / Google Photos

Топ-модел е Toyota GR86 Automatik (од 38.880 евра во Германија), којшто освен 6-степен автоматик со команди на воланот располага и со самостојно запирање при опасност од судир, радарски темпомат, систем за следење и задржување во лента, автоматско долго светло и други системи за асистенција.

Производството стартува во мај, а моделот ќе биде достапен само две години. Toyota порачува дека заинтересираните за моделот треба да бидат исто толку брзи, колку и нивното идно купе, за навреме да направат нарачка. Испораките ќе стартуваат во лето.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

На пат со Toyota Yaris Cross: Имате забележано колку е убава Преспа зиме?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Во фабриката на Smart ќе се произведува ретро Land Rover

Како војната во Украина влијае врз автомобилската бранша – и сé останато

Opel Mokka во ограничена серија Individual со екстра стил