Германски Билд: На каса ќе се одбива сума од сметката за гориво

Бензинот на германските станици во рок од една седмица поскапе за 30 центи, дизелот за уште повеќе. Цената моментно е над 2,20 евра за литар бензин. Најтиражниот германски неделник, „Билд“, ги открива плановите на сојузниот министер за финансии Кристијан Линднер (43, ФДП), за цената на горивата да се спушти под две евра.

Според објавата на германскиот дневник „Билд“, министерот за финансии Кристијан Линднер планира да се воведе своевиден рабат за гориво. Целта на мерката е да се спречи рекордниот раст на цената на горивата и таа да се одржува во разумни граници. Како што дознава Билд, министерот ќе направи цената на горивата повторно да се спушти под две евра.

Милиони лица што патуваат секој ден со автомобил до работното место, повеќе не можат да си ги дозволат трошоците за гориво. Од здружението на возачи на камиони БГЛ оценуваат дека ова е најголемата криза во снабдувањето со горива во последните 70 години. Решението на министерот Линднер е воведување рабат на гориво.

Возачите на автомобили и товарни возила ќе добиваат рабат директно на станицата за полнење гориво

При плаќањето на горивото на каса, на возачите ќе им се одбива рабат на вкупниот износ на сметката. Сопствениците на станици за точење гориво потоа ќе ги доставуваат сметките до министерот за финансии. Уште не е утврдена висината на рабатот на гориво. Според Билд, износот на рабатот би се движел околу 20 центи по литар, а веројатно и над тоа.

Според пресметката на германскиот дневник, при полнење 50 литри гориво, по цена од, на пример 2,25 евра по литар, со рабат од 20 центи, место да се плати полн износ од 112,50 евра, би се плаќале 102,50 евра. Заштеда од 10 евра.

Решението околу висината на рабатот се очекува да биде донесено во текот на неделата. Рабатот треба да почне да се применува итно, заклучува Билд.

Најважното прашање: Како да заштедите гориво?

Претходна објаваCitroen одбележува 40-годишнина од премиерата на BX
Следна објаваКако војната во Украина влијае врз автомобилската бранша – и сé останато

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here