за

Тренески најдобар од македонските „твинговци“ на „Словакиа Ринг“

Второто натпреварување во рамки на „Твинго купот“ почна денеска со првата трка на „Словакиа ринг“ крај Братислава, Словачка. Вториот интернационален предизвик за возачите на „АКК Рено Спорт“ донесе интересна трка и многу возбудувања.

Тренески најдобар од македонските „твинговци“ на „Словакиа Ринг“

Македонските натпреварувачи имаа солиден настап на словачката тркачка патека. Најдобро пласиран на денешната трка беше Владимир Тренески, кој го освои 11-тото место. Веднаш по него финишираше Ангелче Стојковски, додека трет меѓу нашите возачи беше Емил Нацка со освоеното 16-то место.

Овие тројца натпреварувачи беа најдобри во рамки на домашниот шампионат и се искачија на победничкиот подиум. Од останатите возачи, Милан Ѓорѓевиќ беше 17-ти, а зад него целта ја мина Давид Малинковски. Зоран Мирковски беше 20-ти, а Ненад Костовски финишираше на 24-тото место.

За одбележување е одличното возење на Малинковски, кој заедно со Тренески, тимски се пробија кон водечката група „твинговци“ на стартот на трката. Малинковски во еден момент успеа да стигне и до третото место, но во петтиот круг на правецот по стартната целна рамнина имаше контакт со еден од ривалите и излета од патеката. Мартин Костовски исто така имаше контакт со Михајло Миленковиќ, по што двајцата завршија во песокот крај патеката и не ја завршија трката.

Ангелче Стојковски со денешното второ место и освоените 15 бодови изби на првото место во генералниот пласман во домашниот шампионат со 42 бода.

Тимот на „Аутомотив Груп“ има време до утре да ги поправи возилата и да ги подготви за втората трка, која стартува во 10.50 часот.

Победник на денешната трка беше Ник Стефанчич од Словенија, за кого ова беше втор триумф сезонава во рамки на „Твинго Купот“, кој се бодува и за FIA CEZ. Лука Глазер финишираше како втор, додека третото место го освои Том А. Груенфелд.

>>> Mакедонските возачи на TWINGO CUP викендов во Словачка, пренос на ТВ

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новиот Sorento личи како да е премиум бренд на Kia

твинго куп словакија ринг TWINGO CUP SLOVAKIA RING VTORA TRKA (1)

Малинковски денес водеше на „Словакиа ринг“, на крајот 5-ти