Малинковски денес водеше на „Словакиа ринг“, на крајот 5-ти

твинго куп словакија ринг TWINGO CUP SLOVAKIA RING VTORA TRKA (1)

Давид воедно беше и најдобро пласиран од македонските возачи, додека Владимир Тренески беше седми, односно втор во бодувањето за домашниот шампионат, а Мартин Костовски заврши десетти, односно трет меѓу Македонците.

Малинковски возеше фантастична трка и веднаш по стартот успеа да се пробие до четвртата позиција. На околу 10 минути завршетокот крајот на трката, нашиот возач дури успеа и да го преземе водството. Тој се држеше при врвот во групата од осум автомобили, кои постојано се менуваа на првите неколку позиции. Во финишот, Малинковски падна на седмата позиција, но во поседните неколку свиоци Младеновиќ и Ивануша имаа контакт по што излетаа од патеката, а Малинковски го запечати петтото место на трката.

Лука Глазер на крајот во фото-финиш мина прв низ целта, пред вчерашниот победник Ник Стефанчич и Урбан Јеловчан.

Останатите наши натпреварувачи, Ангелче Стојковски заврши на 15.место, Емил Нацка беше 18-ти, Зоран Мираковски на 20.место, а Ненад Костовски беше 22.место.

Милан Ѓорѓевиќ успеа да комплетира само два круга пред да излезе од патеката.

>>> Тренески најдобар од македонските „твинговци“ на „Словакиа Ринг“

Претходна објаваТренески најдобар од македонските „твинговци“ на „Словакиа Ринг“
Следна објаваAston Martin успеа да ја смали загубата во првиот квартал

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here