за

Aston Martin успеа да ја смали загубата во првиот квартал

Британскиот производител на луксузни автомобили и марка по избор на Џејмс Бонд, во првото тромесечје направил помала загуба отколку во истиот период лани.

Милијардерот Строл го обезбеди производството на Aston Martin DBX
Милијардерот Строл го обезбеди производството на Aston Martin DBX

Aston Martin продолжи да работи со загуба и во првиот квартал годинава. Условно „добрата“ вест е во тоа што загубата е помала отколку во првиот квартал лани.

Британската луксузна марка Aston Martin во периодот од јануари до април постигнала загуба во своето работење во висина од 42 милиони фунти, односно близу 50 милиони евра. Загубата во првиот квартал лани беше уште поголема и изнесуваше 110 милиони фунти или близу 130 милиони евра.

Остварениот промет во висина од 224 милиони фунти е над очекувањата на аналитичарите. Главниот полнач на касата е скапиот СУВ-модел со ознака DBX. Повеќе од половината од продажбата на Aston Martin отпаѓа на овој модел. Менаџерите на марката кажуваат дека намалената загуба е само првиот чекор што ќе води до целосното закрепнување на престижната марка. Пред три години, стартот на Aston Martin на берзата мина мошне проблематично и последиците од тоа уште се чувствуваат.

Aston Martin беше спасен во минатата пролет со финансиската инјекција на инвестицискиот конзорциум на канадскиот милијардер Лоренс Строл. Тој успеа да го придобие Тобијас Мерс, поранешен шеф на спортската марка AMG на Mercedes, да почне да работи за британската марка.

Во првиот квартал до дилерите на Aston Martin биле испорачани 1.353 автомобили. СУВ-моделот DBX учествува со повеќе од половината, односно со 55 проценти. За годинава се планираат вкупно 6.000 возила. До средината на деценијата, годишната продажба треба да достигне 10.000 возила. Тогаш и прометот соодветно ќе порасне на две милијарди фунти.

Mercedes-Benz лани во октомври го зголеми уделот во Aston Martin, со план уделот да се зголеми до 20% и германската марка со тоа да стане втор најголем акционер во компанијата. За возврат, Mercedes-Benz им испорачува мотори и комплетна технологија на Британците.

>>> Mercedes ја зајакнува соработката со Aston Martin

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

твинго куп словакија ринг TWINGO CUP SLOVAKIA RING VTORA TRKA (1)

Малинковски денес водеше на „Словакиа ринг“, на крајот 5-ти

Недостигот од чипови се чувствува и во фабриките на Mercedes