Mercedes-Benz ќе дозволи автомобилската марка на Џејмс Бонд да користи повеќе негови технологии и компоненти, а за возврат го зголемува уделот во акциите на Aston Martin. Новите акции ќе се издаваат постепено во следните три години, а уделот на Mercedes-Benz AG во Aston Martin ќе достигне најмногу 20,0 проценти.
Mercedes-Benz AG и Aston Martin Lagonda Global Holdings plc потпишаа нова стратешка спогодба за користење технологија и најавија зајакнување на партнерството. Германците ќе овозможат британската марка да добие хибриден и електричен погон, како и други напредни компоненти и системи.
За возврат, Mercedes ќе добие акции во Aston Martin. Во следните три години ќе се издаваат акции во вкупна вредност од 286 милиони британски фунти. Штутгарт моментно поседува 2,6% од капиталот во Aston Martin. Овој удел во иднина ќе се зголеми до 20,0 проценти. Mercedes-Benz AG не планира да го зголемува уделот понатаму.
Соработката меѓу Mercedes-Benz AG и Aston Martin започна во 2013 година, со испораката на V8-мотори од AMG и компоненти за електричен погон. Тогаш германскиот концерн доби удел од 5 проценти во Aston Martin. Откако британската марка во 2018 година се појави на берзата, како и по финансиската инјекција од Лоренс Строл, уделот на Mercedes се намали на 2,6 проценти.
>>> Теренецот ќе му ги донесе неопходните пари на Aston Martin

















