Овој Rolls-Royce го носи Арапскиот Полуостров на хаубата

Rolls-Royce Inspired by Earth

Rolls-Royce што е инспириран од Земјата, Inspired by Earth. Највпечатливиот белег на овој Wraith е Арапскиот Полуостров на хаубата, насликан со ербраш, како што се гледа од вселената. За изработката беа потребни повеќе од 100 часови врвно мајсторство. Има уште детали во истиот стил.

Каросеријата на ултра уникатниот Wraith е лакирана во ројал сина боја, во бојата што покрива 75% од Земјата. Панорамата на Саудиска Арабија е центрирана во Емиратите и се шири кон Црвеното и Арапското Море, како и кон Оманскиот Залив.

По страниците на каросеријата е извлечена црта во смарагдно зелена боја, на којашто се додадени сонцето и осумте планети од соларниот систем – Меркур, Венера, Земјата, Марс, Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун.

Внатрешноста прави контраст и се посветува на површината на Земјата и на природата и животот на неа. Седиштата се обложени со мокасин-кожа, во бојата на пустините во Емиратите. На тоа се надоврзуваат сини линии, како асоцијација на реките и езерата, заедно со зелени детали што го симболизираат животот.

Спектаклот во кабината е во сцената на водопадот назад, изработен со фотофлеш. На арматурната табла се забележува сателитска слика од Средниот Исток, што личи како фотографија, а фактички е изработена со ербраш.

https://photos.app.goo.gl/4MMYyPDUx8u6wHd97

https://photos.app.goo.gl/DQwzUx1sWz8hD55j8

https://photos.app.goo.gl/2vpP4uPkb9vxjVqH8

>>> Емили на Rolls-Royce сега гледа на друга страна

Емили на Rolls-Royce сега гледа на друга страна

Претходна објаваMercedes ја зајакнува соработката со Aston Martin
Следна објаваKia постави дизајнер посебно за електричните возила

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here