Исклучително високата побарувачка за полупроводнички компоненти му донесе зголемен промет и зголемена заработка на најголемиот произведувач на чипови во светот TSMC.
Во периодот од почетокот на октомври до крајот на декември, TSMC (Taiwan Semiconductor Manufacturing Company) постигнал рекордна чиста заработувачка во висина од преку 166 милијарди тајвански долари, што одговара на околу 5,3 милијарди евра. Тоа денес го соопшти концернот од Синчу. Заработката е зголемена за 16,4 проценти во споредба со истиот период преклани. Аналитичарите предвидуваа растот да биде помал. Прометот се зголемил за една петина, на 438 милијарди тајвански долари, што исто така е рекорд.
За тековниот квартал, концернот очекува да продолжи високата побарувачка за чипови, којашто меѓу другото произлегува и од закрепнувањето на автомобилската бранша по првата пандемиска година. Очекуваниот промет за почетокот на годината исто така ги надминува очекувањата. TSMC за првите три месеци предвидува промет меѓу 16,6 и 17,2 милијарди американски долари (459 до 475 милијарди тајвански долари). Оперативната маржа треба да достигне 42 до 44 проценти. Во претходниот квартал, таа изнесувала 41,7 проценти.
Се вложува во нови производствени капацитети
TSMC е најголем произведувач на чипови во светски рамки и воедно најолема компанија во Азија. Меѓу клиентите се бројува и Apple, произведувачот на iPhone. За да ја покрие високата побарувачка за полупроводници, TSMC ќе вложи големи суми во нови капацитети. Концернот за годинава има предвидено инвестиции во висина меѓу 40 и 44 милијарди американски долари. Конкурентските Samsung и Globalfoundries исто така инвестираат милијарди во нови машини за производство на чипови.
The global chip industry belongs to TSMC. Everyone else is just along for the ride, @tculpan writes https://t.co/Vr6Ve2CaUp via @bopinion
— Bloomberg (@business) January 13, 2022
>>> Автоконцерните сами ќе си произведуваат чипови