за

Kia со рекордна година во САД, првпат над 700.000 возила

Претходниот рекорд од 2016 година е надминат за повеќе од осум проценти, Kia расте побрзо од просекот на пазарот. Двојно повеќе електрични и хибридни возила.

Kia America во декември продала 48.506 возила, што придонесе марката првпат во историјата да надмине 700.000 возила на големиот американски пазар за време од една година.

Раст од 20 проценти во споредба со преклани доведе до рекордна година на Kia во САД. Пет најпопуларни модели на лимузини, СУВ и кросовери – Forte, Niro EV, Seltos, Sportage и Telluride – во 2021 година имаа рекордна продажба. Тоа што ја одбележа минатата година за Kia на американскиот пазар е значително зголемување на побарувачката за хибридни и електрични возила. Нивната продажба се зголемила за 97 проценти во споредба со преклани.

„Објавувањето на најдобрата годишна продажба во историјата секогаш е чин на гордост, но нејзиното достигнување во време на пандемија и потешкотии во синџирот од добавувачи, за Kia јасно укажува колку е моќна нашата понуда од модели и колкава е побарувачката што ја создадовме за марката Kia во 2021 година“, изјави Ерик Вотсон, потпретседател за продажба во Kia America.

Со пристигнувањето на комплетно новиот, целосно електричен EV6 и со комплетно новиот Sportage во првата половина од 2022 година, јасно е дека ‘пукаме’ од сите цилиндри … и од сите батериски ќелии.

Ерик Вотсон, потпретседател за продажба на Kia во САД

Во декември се случија неколку моменти што соодветствуваат на рекордната година за Kia на американскиот пазар.

  • Големиот СУВ-модел Telluride трета година во низа е именуван за „Edmunds Top Rated SUV“

  • СУВ-моделите Kia Telluride и Seltos повторно победија во своите категории во изборот за најдобри модели според Kelley Blue Book’s Best Buy Awards; Telluride три години во низа победува во категоријата на СУВ-модели од средна класа со 3 реда седишта, Seltos втора година во низа е најдобар компактен СУВ.

  • Американската агенција за заштита на животната средина (EPA) потврди максимален досег на струја на Kia EV6 од 310 милји (499 km), за моделот со батерија од 77,4 kWh и заден погон

  • Telluride SUV и Carnival MPV победија во изборот за Best Car To Buy за 2021 година на The Car Connection; Telluride понесе наслов на „Best Family Car To Buy 2022“ додека Carnival е „Best Minivan To Buy 2022”.

Продажба на Kia Amerika во 2021 година

Декември 2021

2021

Модел    
Rio 2,800 31,362
Forte 8,639 115,929
K5/Optima 5,505 92,342
Cadenza N/A 249
Stinger 918 13,517
K900 N/A 85
Soul 3,987 75,126
Niro 2,448 26,192
Seltos 3,053 51,368
Sportage 6,034 94,601
Sorento 6,490 81,785
Telluride 7,519 93,705
Carnival/Sedona 1,113 25,155
Вкупно 48,506 701,416

>>> Тест · Kia Sorento 2.2 CRDi Premium

Целата моделска понуда на Kia на македонскиот пазар, со технички податоци, опрема и цени за секој модел, можете да ја погледнете во нашиот онлајн-каталог https://avtosalon.mk/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Америка почнува со производство на Volkswagen ID.4 наесен

Најголемиот произведувач на чипови со 5 млрд. $ профит за три месеци