Пазарните аналитичари очекуваат производителите на автомобили да започнат со масовен развој на сопствени чипови, откако актуелното тесно грло во снабдувањето со полупроводници доведе до повеќедневно затворање на цели фабрики за автомобили и драстично продолжување на роковите на испорака.
До 2025 година, половината од десетте најголеми производители на чипови ќе започнат самостојно да развиваат полупроводници. Така оценија аналитичарите на Gartner. За трендот уште толку да се забрза, придонесува тоа што денешните автомобили имаat сé поголема потреба од специјални полупроводници. Преоѓањето во ерата на електричните автомобили и на дигиталните услуги во возилата, доведоа до значително зголемување на потребата од полупроводници во браншата.
Веќе пристигаат и првите најави. Концернот Stellantis, што меѓу другото го сочинуваат Peugeot, Fiat, Opel, Citroen, денес излезе со соопштение во коешто се најавува соработка со лон-производителот на електроника Foxconn и развој на сопствени чипови. Тоа ќе покрива 80 проценти од сопствената потреба, но полупроводници ќе им се продаваат и на останатите автомобилски производители.
Првите производи ќе почнат да се вградуваат дури во 2024 година. Тоа ќе води кон стабилизирање на синџирот од добавувачи, што во моментов е силно разнишан. Volkswagen исто така планира самостојно да развива и дизајнира полупроводници, што меѓу другото ќе се користат и за автономно возење.
Причина за кризата со чипови за автомобилите е во застарената технологија за производство на чиповите што се вградуваат во возилата
Уште се откриваат вистинските причини за кризата што ја погоди браншата по претходната криза, кога целиот свет се најде во пандемиски локдаун. Вистинската причина за кризата е тоа што во голем број возила се вградуваа чипови, што се изработуваат со застарени технологии. Поради тоа, производителите на електроника во минатите години значително ја намалија продукцијата на тие чипови. Пандемијата, пак, доведе до зголемена побарувачка од тие полупроводници, меѓу другото и поради значителиот раст во продажбата на лаптоп компјутери и системи за видеоконференции. Фабриките не можеа да одговорат доволно брзо на сменетите пазарни услови.
Производителите на автомобили се помали потрошувачи на полупроводници од производителите во електро-браншата. Фабриките повеќе им излегоа во пресрет на вториве, а автомобилските фабрики останаа со куси ракави. За една година во светот се продаваат повеќе од една милијарда паметни телефони. Наспроти тоа, автомобилската бранша годишно произведува стотина милиони возила. Таа учествува само со пет до десет проценти во глобалната продукција на чипови.
#SWDAY21Stellantis | Carlos Tavares, CEO: "We are transforming #Stellantis into a #tech #mobility company. We owe it to our customers. We owe it to our Brands. We owe it to the principle on which #Stellantis was founded". pic.twitter.com/iMYHSLpMwL
— Stellantis (@Stellantis) December 7, 2021