Најновата атракција при посета на Минхен е „Курвистан“, простор во центарот на баварската престолнина што е посветен на спортската марка Porsche и општо за автомобилистите. Ексклузивно за отворањето, во излогот кусо време ќе биде поставена дизајнерската студија Porsche Vision Gran Turismo.
За десетгодишнината на магазинот Curves, издавачот Штефан Богнер сакаке да им понуди нешто посебно на пријателите и познајниците. „Курвистан“ (Curvistan) во неговиот роден град Минхен им нуди главна инспирација на фановите на Porsche и на свијоците (Kurve е свијок на германски) од целиот свет. „Curvistan е попап-продавница, галерија, простор за настани и собиралиште во едно“, Богнер го објаснува концептот.
Првите три недели минаа целосно во знакот на времето на возење круг, со часовници за тркање, како што е Heuer Monaco, покрај Porsche 908/48 на Стив Меквин. Последната постава беше посветена на заедницата на Porsche, на тема воздушно ладење во Калифорнија. Преку GP Ice Race што се возеше на Цел ам Зее, до трка во Тајланд, се прославуваше заединштвото на фамилијата низ целиот свет.
Курвистан привлекува посебно со студијата Porsche Vision Gran Turismo
Дизајнерската студија го отвора погледот во далечната иднина на Porsche. Возилото е развиено за видеоиграта „Gran Turismo 7“. Во Вајсах е изработен и вистиски модел од овој суперавтомобил од светот на игрите. „Porsche Vision Gran Turismo покажува како ќе изгледа целосно електричен тркачки автомобил за десет или 15 години“, открива главниот дизајнер на Porsche, Михаел Мауер.
https://photos.app.goo.gl/AZ2gzphSLdyomwj2A
Дизајнерската студија беше изложена само еден ден во „Курвистан“. Возбудливата колата со две седишта има компактни димензии, мошне е подвижна и има вистински сооднос меѓу тежината и моќноста. Во тој поглед, „Vision“ е во рангот на Porsche 356 Le Mans Coupé или Porsche 908 Bergspyder. Кој сака одблизу да ја погледне студијата, мора да биде брз. Таа ќе биде достапна за гледање само до среда, 8-ми декември.
















