за

Таа беше Yaris во 1960-те: Со Toyota Publica почна историјата

Tоа што денес е Toyota Yaris, пред шеесет години беше Toyota Publica. Моделите се различни, мисијата им е иста.

Таа беше Yaris во 1960-те: Со Toyota Publica почна историјата

Практични за брза тура низ град и обожувани поради ниските трошоци, но во исто време со доволно спортски дух и со просторна кабина за на подолг пат. Со оваа формула, сите малечки модели на Toyota од 1961 наваму постигнаа милионски продажби.

Историјата ја започнува Toyota Publica, што јапонскиот примус ја понуди во продажба во Европа во 1974 година. Место оригиналното име, малечкиот и симпатичен автомобил доби ознака „1000. Четири години подоцна пристигна наследникот во форма на познатиот Starlet, за по неколку успешни генерации, традицијата да ја продолжи Yaris. А, тој постигна многу повеќе од кој било автомобил во неговата класа. Yaris уште во претходната генерација го воведе хибридниот погон во класата на градските автомобили, а обезбеди и титула на светски шампион во рели, во WRC-верзијата на Toyota Gazoo Racing.

Тој беше првиот јапонски автомобил од градската класа, што напиша големо историско поглавје како народен автомобил. Претставена во 1961 година, Toyota Publica понуди повеќе простор од јапонските мини-автомобили и беше трендсетер за мали лимузини што ги задоволуваат семејните потреби за превоз и за практични комби-модели.

Toyota Starlet II генерација (1978)
New item by Automedia MK / Google Photos

Легендарниот спортски модел Toyota Sports 800 ја користеше истата архитектура со лесна конструкција од Publica. Моделот дебитираше во Европа во 1974 година како Toyota 1000. Во нивото со комфорна опрема спаѓаше и „радио со 5 копчиња“, во време кога за радио се доплаќаше дури и во автомобилите од највисоките класи.

Во 1978 година пристигна заменичката Toyota Starlet, којашто воведе нов урбан стил, со елегантниот опаш и со големиот заден поклопец. Публиката го обожуваше малечкиот автомобил, кога тој се појавуваше на рели и на тркачките патеки. Како круна, Starlet уживаше углед на автомобил што не се расипува. Тоа беше својствено за сите возила од марката, Starlet само го зацементира реномето.

Toyota Starlet III генерација (1984)
New item by Automedia MK / Google Photos

По три генерации на Starlet, во 1998 година следеше големата револуција со Yaris. Тој беше прв модел на Toyota развиен во Европа, во центарот ED2. Новиот модел стана вистински Европеец, затоа што и неговото производство се одвиваше во новата фабрика на Toyota во Валенсјан, Франција.

Оригиналниот концепт на „мал голем“ овозможи седење на повисоко со одлична прегледност, заедно со просторност каква што се добиваше во моделите од компакт класата. Ниското тежиште овозможуваше и примерни возни својства. Toyota Yaris стекна култен статус во 2001 година, откако беше претставена спортската изведба Yaris TS. Постоењето на олвој модел беше поткрепено со бројни победи на тркачките купови.

Toyota Starlet V генерација (1996)
New item by Automedia MK / Google Photos

Следната голема сензација беше воведувањето на хибридниот погон во гамата на Yaris во пролетта во 2012 година. Тој беше прв градски автомобил со хибриден погон. Во актуелната генерација, Yaris продолжува да нуди штедлив и динамичен хибрид од една страна, но и вистински спортски модел, што ги одушевува и љубителите на релито.

Развиен од Toyota Gazoo Racing, новиот Toyota GR Yaris располага со 1,6-литарски турбо со 261 КС и со постојан погон на сите тркала. Таков, моделот служи како верна основа за хомологација на Yaris за светското првенство во рели. Toyota со тоа ја продолжи традицијата на сериски модели што служат како основа за рели-болиди, што беше прекината во 1999 година, со престанокот на производството на легенадрната Celica GT-Four. Претходник на актуелниот рели-тркач е Yaris GRMN, кој своите 212 КС од бензинецот со механички компресор ги пренесуваше само на предната оска, преку торсен диференцијал со блокада.

Aygo пристигна во 2005 година како нов основен модел на Toyota

Yaris растеше од генерација во генерација, поради што Toyota во 2005 година го воведе Aygo како нов основен модел во гамата. Тој исто така постигна одличен успех и се профилираше како штедлив автомобил со впечатлив стил, кој со ниската емисија на штетни материи секогаш е на врвот на листите на најеколошки автомобили. Aygo докажа дека е способен за тоа преку концептот Aygo Crazy.

Богата е историјата на автомобилите од градската и мини класата на Toyota, во којашто се наоѓа и уникатниот трисед Toyota iQ (поточно со 3+1 седиште) од 2009 година, долг само 2,99 метри. Вистински спектакл постигна спортското купе Sera од 1990 година, развиено како гран-туризмо за јапонскиот пазар, посебно по кабината во стил на стаклена купола и по вратите што се отвораат нагоре.

>>> Со Toyota Yaris Hybrid во Велес, градот на поетите и гемиџиите

Toyota Yaris Hybrid Велес

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lada со рекордна ноемвриска продажба

Lada со рекордна ноемвриска продажба

Seat Leon нуди најдобра противвредност според Autobest

Seat Leon нуди најдобра противвредност според Autobest