за

Lada со рекордна ноемвриска продажба

Lada продолжува да напредува на рускиот пазар и во минатиот месец продаде повеќе возила отколку во кој било ноември претходно.

Lada со рекордна ноемвриска продажба

Ноември беше добар месец за продажбата на Lada, со вкупно 38.064 возила, што е за дури 21,9% повеќе во споредба со истиот месец лани (31.217 возила). Тоа е воедно и историски рекордна продажба за ноември.

Повеќе возила во еден месец претходно се продале единствено во декември 2013 година, со вкупно 38.948 примероци. Тој резултат сепак беше постигнат во времето кога државата ја субвенционираше продажбата на нови возила.

Вообичаено, првото место на најпродавани модели им припаѓа на изведбите од моделското семејство Lada Granta. Нивната продажба достигнала 14.540 возила, за +15.6% во споредба со ноември лани.

На второто место се моделите од гамата на Lada Vesta, со 11.771 продадени примероци, што е за +35.3% над резултатот од истиот месец во 2019 година. Трети се патничките и товарните изведби на Lada Largus. Од комбито што е идентично со Dacia Logan MCV, во ноември биле продадени 4.052 примероци.

Оливие Морне, извршен заменик претседател за продажба и маркетинг во Avtovaz JSC, го коментира успехот: „Рекордните продажби за Lada во ноември се резултат од владините и сопствените програми за субвенцонирање на Lada, како и од лансирањето специјални серии од нашите најбарани модели.“ За растот во продажбата придонеле и владините мерки за поддршка на продажбата на нови возила. „Иако е висока побарувачката во есенските месеци, предвидуваме дека вкупниот резултат за 2020 ќе биде понизок во споредба со 2019 година, но е очигледно дека во овие тешки времиња успеавме да го задржиме високиот пазарен удел и сигурното лидерство на марката Lada во Русија.“

Групацијата AVTOVAZ е дел од групацијата Renault и произведува автомобили и компоненти за 3 марки: LADA, Renault и Datsun. Фабриките на групацијата се наоѓаат во Тољати – AVTOVAZ JSC, LADA West Togliatti JSC и во Ижевск “LADA Izhevsk” LLC.

>>> Niva повторно го носи логото на Lada

 

Niva повторно го носи логото на Lada
Niva повторно го носи логото на Lada

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Како дволитарскиот TDI на Volkswagen од EA 288 стана EA 288 evo

Како дволитарскиот TDI на Volkswagen од EA 288 стана EA 288 evo

Таа беше Yaris во 1960-те: Со Toyota Publica почна историјата

Таа беше Yaris во 1960-те: Со Toyota Publica почна историјата