за

Seat Leon нуди најдобра противвредност според Autobest

Автомобилското жири со претставници од 31 европска држава Autobest, го избра Seat Leon за носител на насловот на бест-бај автомобил за 2021 година.

Seat Leon нуди најдобра противвредност според Autobest

Autobest, составено од новинари од 31 европска држава, главната награда во изборот му ја додели на Seat Leon. Шпанскиот автомобил го убеди жирито со спојот од динамика, ефикасност, безбедност и конективност.

Seat вторпат победува во рамките на изборот за Autobest. Во 2017 година, титулата Autobest ѝ припадна на Seat Ateca. Вејн Грифитс, претседател на Seat и Cupra, изјави по големиот триумф: „Горди сме што нашиот нов Seat Leon е избран за Autobest 2021, најдоброто признание за тимот што учествуваше во лансирањето на најдобриот Leon досега. Автомобил дизајниран, развиен и произведен во Барцелона, оваа награда продолжува да ни дава сила за самоуверено да продолжиме кон иднината.“

Новиот Seat Leon има угледна историја, како модел што во сите четири генерации досега има поставувано нови стандарди и воедно како модел што е продаден во повеќе од 2,3 милиони примероци. Leon е бестселер во Шпанија во низа од 2014 година.

Успехот на Seat Leon се темели врз инвестицијата во висина од 1,1 милијарда евра, со цел да се воведат следните нивоа во конективноста, ефикасноста, динамиката и безбедноста. Голем дел од инвестицијата беше искористен за самото производство. Leon првпат е достапен во изведба со приклучен хибриден погон.

Шпанскиот брат на Golf неодамна брилјираше и со исклучително високите оцени на тестовите за безбедност од страна на Euro NCAP. Тие оцени во голем дел произлегуваат од платформата MQB Evo, којашто Leon ја дели заедно со Golf & Co.

Претставник од Македонија во жирито на Autobest е Крумислав Барзов, автор и водител на тв-емисијата Авто Магазин.

>>> Во новиот Seat Leon се вградуваат 16 антени

Новиот Seat Leon стартува од 19.500 евра

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Таа беше Yaris во 1960-те: Со Toyota Publica почна историјата

Таа беше Yaris во 1960-те: Со Toyota Publica почна историјата

Suzuki Across

Suzuki со 90% помалку СО2 до 2050 година