за

Suzuki со 90% помалку СО2 до 2050 година

Suzuki објави долгорочен план за зачувување на животната средина што досега до 2050 година.

Suzuki Across

„Помало, поретко, полесно, покусо и пофино“: Suzuki ги почитува овие начела уште од почетокот на 1990-те години и ги применува во секоја фаза од производството. Додека на клиентите продолжува да им нуди подобри возила, јапонската компанија внимава да користи помалку и полесни суровини, да го скуси нивниот пат, со колку е можно повеќе грижа за животната средина.

Suzuki отсекогаш важел како специјалист за малечки автомобили – со субспецијализација за погон на сите тркала – кои се штедливи, користат современа технологија, а по ново без исклучок поседуваат и електромотор во погонската спрега, односно работат како благ хибрид. Според тоа, со своите автомобили, Suzuki веќе покажува грижа за климата. Меѓутоа, во целиот производствен концепт, вклучувајќи ги и набавките на суровини, исто така се почитуваат високи стандарди за заштита на животната средина.

По успешното спроведување на претходниот план, чијшто краен рок е годинава, точно за стогодишнината од основањето, корпорацијата Suzuki веќе преоѓа на реализација на следниот план. Тој се води како Suzuki Environmental Vision 2050 и поставува уште потешки предизвици.

фабрика suzuki унгарија

Клучните подрачја преку коишто ќе се реализираат следните планови за заштита на климата се следните:

1. Климатски промени

Намалување на емисијата на СО2 од новите автомобили за 90% до 2050 година, во споредба со 2010 година, почнувајќи од суровините, преку производството, завршувајќи со самата емисијата на СО2 од возилата. На тоа ќе претходи уште еден праг, што е поставен за 2030 година и предвидува намалување на емисијата од овие извори за 40 проценти.

2. Зачувување на квалитетот на воздухот

Сведување на минимум на загадувачките супстанци од бизнис активностите и од производите до 2050 година. На тоа ќе претходи намалување на примената на фосилни горива во бизнис активноста и зголемување на примената на енергија од обновливи извори до 2030 година.

3. Водни ресурси

Користење обновливи водни ресурси и сведување на минимум на загадувањето на водите до 2050 година. Две децении пред тоа е планирано да заврши воведувањето на напредни системи за пречистување на отпадните води во сите производствени фабрики на Suzuki.

4. Рециклирање

Рециклирање и грижлив третман на отпадот од производствените процеси и производи до 2050 година, преку глобална примена на технологии за рециклирање и системи, коишто ќе бидат развиени во Јапонија. Во претходната фаза до 2030 година, ќе се воведе рециклирање и секундарна примена на стари батерии од електрични автомобили.

>>> Suzuki постигна рекордно октомвриско производство

Колку заштедуваат благите хибриди на Suzuki на годишно ниво

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Seat Leon нуди најдобра противвредност според Autobest

Seat Leon нуди најдобра противвредност според Autobest

skoda рекорден удел германија

Skoda годинава држи 6 проценти од пазарот во Германија