за

Toyota 20 години го произведува Yaris во Франција

Фабриката на Toyota во Валенсјан, Франција, почна со работа на 31-ви јануари 2001 година. Yaris во меѓувреме ја престигна и Corolla во продажбата.

Во дваесетте години се произведоа над четири милиони примероци од Toyota Yaris, се вложуваше во студија за дизајн и во центри за истражување и развој. Француската фабрика на Toyota донесе и бројни добавувачи во земјата.

Продажните статистики во последните неколку месеци потврдија дека Toyota има уште еден хит модел во Европа. Не требаше ниту да постои сомневање дека Yaris ќе го повтори тоа што претходно го постигна Corolla, со новиот дизајн и новиот конструкциски пристап во однос на динамиката во возењето и возачкото уживање. Еден од секои пет купувачи на Toyota избира Yaris. Порасна и учеството на моделот во вкупната продажба во градската класа, кој сега изнесува 8,4 проценти.

Тоа што ги привлекува клиентите се високите стандарди за пасивна и активна безбедност, кои се вградуваат уште во основното ниво на опрема. Пример за опременоста во тој поглед е воздушната перница меѓу возачот и совозачот. Побарувачката на пазарот веќе е над капацитеот на фабриката да произведе доволно возила.

Премиерата на Yaris се случуваше во тешки времиња. Марвин Кук, првиот човек во производството во TME: „Во средината на март, ковид-19 се ширеше низ Европа. На 18-ти март, решивме синхронизирано да ги запреме сите наши фабрики, поради наглото забавување на пазарот и владините рестрикции. Пет недели подоцна, TMMF беше прва фабрика на Toyota во Европа што се врати во погон, со почитување на строги мерки за здравствена и сигурносна заштита.“

Новите роботи во фабриката на Toyota во Валенсјен можат да ја заваруваат каросеријата додека возилото се движи на производствената лента

Во поглед на констуирањето на моделот, Toyota ги почитуваше своите каизен-начела, односно стремеж за постојано усовршување. Едно од најголемите подобрувања беше постигнато во крутоста на каросеријата. Бројот на завари е зголемен за 9 проценти. Во каросериското одделение, повеќе од 70% од роботите се заменети или осовременети. Тоа донесе подобра ергономија, прецизност и продуктивност. Во поглед на автоматизацијата, од Toyota и натаму порачуваат дека нивниот прв избор во производството и натаму се луѓето, пред роботите.

Француската фабрика на Toyota остана во постојните просторни рамки, иако повеќето хали во меѓувреме пораснаа, вклучувајќи и удвојување на одделението за пластика. Кај новиот Yaris, поголемиот дел од пластиката се произведува локално. Тоа гарантира подобра контрола на квалитетот и пониски трошоци за логистиката. Корист од тоа има и животната средина, затоа што се намалува транспортот, односно емисијата на штетни материи.

Потрошувачката на енергија е намалена за 30% со воведување топлински пумпи во замена за претходните котли на гас. Целта е TMMF до 2040 година да постигне нулта емисија на СО2. Тоа е 10 години пред рокот на глобално ниво што го постави Toyota.

Уште еден клучен момент за фабриката во Валенсјен претстои годинава, со влегувањето во производство на втор модел, на Yaris Cross како кросовер изведба врз платформата на Yaris. Со тој чекор и продукцијата во фабриката ќе се зголеми на 300.000 возила годишно.

toyota yaris cross new
toyota yaris cross new

Дури и самиот Yaris годинава ќе почне да се произведува во фабриката за Toyota Aygo / Citroen C1 / Peugeot 108 во Чешка, откако истата премина во целосна сопственост на Toyota. Третата европска фабрика што го заокружува производствениот синџир на Yaris е во Полска (Toyota Motor Manufacturing Poland – TMMP), од каде што пристигаат хибридниот погон и менувачките кутии.

Европските корени на Yaris се поткрепуваат и со дизајнерското студио ED2 на Toyota на југот на Франција, како и со техничкиот центар во Завентем, Белгија, каде што се вршат завршните тестирања на новите генерации модели и нивно приспособување според вкусот и барањата на европските возачи.

Фабриката во Валенсјан вработува близу 5.000 лица и јапонскиот производител досега има вложено во неа 1,5 милијарда евра. TMMF е голем работодавец во северниот дел на Франција.

>>> Yaris ѝ донесе на Toyota раст од 11% во второто полугодие од ’20

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


Notice: Trying to get property 'ID' of non-object in /home/automedi/public_html/wp-content/themes/bimber/includes/post.php on line 1023

Notice: Trying to get property 'ID' of non-object in /home/automedi/public_html/wp-content/themes/bimber/includes/plugins/media-ace.php on line 128

Камион Kenworth без проблеми на Пајкс Пик – со водороден погон од Toyota

dacia sandero stepway salon

Dacia Sandero Stepway прави ценовно-дизајнерски подвиг