Сега и Toyota Yaris Cross прави ГРРРР

Toyota Yaris Cross е модел што заслужува специјални изведби. Пазарот го обожува кросоверот со вкрстени гени од штедливиот Yaris и пробивниот RAV4, па е мал ризикот дека спортска изведба со знакот на Gazoo Racing би наишла на млака реакција.

Yaris Cross GR располага со ексклузивни детали на каросеријата и во внатрешноста, а во исто време ветува и нагласен спортски карактер во возните својства, благодарение на зафатите во подвозјето. Салоните во Европа ќе стартуваат со нарачки за моделот во септември.

Главна одлика во надворешната појава се новите полирани тркала од 18 инчи, со десет краци. Спортски нагласок дава и новиот заден дифузор, како и црната решетка во маската, со ексклузивен растер, што дизајнерите го нарекуваат „Hot Stamp“. Секако дека на сите страни може да се прочита логото на Gazoo Racing. Исто како останатите изведби GR Sport, така и изведбата Yaris Cross GR SPORT се нуди со ексклузивната боја Dynamic Grey, во варијанта со црн покрив и црни каросериски додатоци.

Спортските седишта Ultrasuede се обложени со сива вештачка кожа и имаат грејачи. Црвените штепови се воочливи и на воланот и на рачката на менувачот. Логоата на Gazoo Racing се забележуваат на воланот, потпирачите за глава, копчето за старт и во инструментите. Во вратите и на арматурната табла се поставени украсни панели во темна сребрена боја.

https://photos.app.goo.gl/u72kaFpwhdhCr64Z8

Конструиран врз платформата GA-B, Yaris Cross GR SPORT се одликува со ниско тежиште, цврста каросерија и балансирано подвозје. Возните својства се подинамични, благодарение на неколкуте зафати во елементите од подвозјето, главно со цел на возачот да му се посредува подиректно чувство во управувањето за контактот со подлогата.

Кабината е изненадувачки просторна, има и интересна можност за подот во багажникот да биде поделен на два дела. Зафатнината на багажникот е 397 литри стандардно, односно 1.097 литри со соборена клупа.

Yaris Cross GR SPORT располага со богата сериска опременост, којашто вклучува двозонска автоматска клима, грејачи во предните седишта, како и со T-Mate, како што се нарекува најновата генерација на Toyota Safety Sense, со збогатен обем од системи за асистенција.

https://photos.app.goo.gl/hnaQMhgk6XdsSjv16

Спортскиот модел се испорачува само во изведбата со хибриден погон со 1,5-литарски бензинец. Долгиот óд, брзото согорување, високата компресија од 14:1, како и регулацијата на температурата и притисокот во погонската спрега, обезбедуваат мошне висок степен на термичка ефикасност од 40 проценти.

Продажбата на Yaris Cross стартуваше во 2021 година и моделот веднаш се докажа како бестселер на Toyota. Само во првото полугодие од годинава се продадени повеќе од 77.000 примероци, односно вкупно над 100.000 примероци од стартот на продажбата. Кросоверот ѝ обезбедува на Toyota пазарен удел од 7,7 проценти во B-SUV сегментот.

https://photos.app.goo.gl/VXZginsoocCpLcZH6

https://photos.app.goo.gl/RjdXNkCp4eMroaro7

https://photos.app.goo.gl/BTjm5GoMa6nepdTGA

Пред да се појави Yaris Cross, Toyota ги имаше Urban Cruiser и Yaris Verso

Претходна објаваПред 160 години е основан Opel, први се машините за шиење
Следна објаваSkoda Vision 7S е најава за најголемиот од трите нови електрични модели

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here