за

Шефот на Toyota возеше Yaris со погон на водород на рели

Акио Тојода, активен во мотоспортот под псевдонимот Моризо, на рели во Белгија возеше Toyota Yaris, што во моторот место бензин согорува водород.

Најновиот предизвик на Toyota е на светот да му докаже дека во моторите со внатрешно согорување може да се користи водород и на тој начин исто така да се постигне нулта емисија на штетни материи. Шефот Акио Тојода се појави на рели во Белгија, со Toyota Yaris со погон на водород.

На деветтата трка во календарот на ФИА во светското првенство во рели, што се возеше во Белгија, учествуваше и Toyota GR Yaris H2. Задачата на автомобилот со несекојдневна погонска техника беше да се покаже пример на користење водород како „гориво“ во мотор со внатрешно согорување. Експерименталното возило првпат учествуваше во јавен сообраќај надвор од Јапонија.

Зад воланот на Yaris H2 секако дека седна „Моризо“, Акио Тојода, претседател на Toyota, што го користи овој псевдоним во своите бројни учества на сцената на мотоспортот. Заедно со легендарниот фински рели-возач и четирикратен светски првак Јуха Канкунен, Моризо ја возеше низ Белгија варијантата на GR Yaris со погон на водород.

На вториот ден на Ипра Рели, на 20-ти август, двоецот го извозе 11-от брзинец во должина од 15 километри, што минува по тесни патишта покрај полиња и непосредно пред куќи, претставувајќи предизвик и за професионалните рели мајстори. GR Yaris H2 возеше како тест-возило пред да мине безбедносниот автомобил и да потврди дека рели-етапата може да почне.

Иако Моризо нема претходно искуство во возење на овие патишта, упатствата од Канкунен се покажаа како драгоцена помош. Благодарение на тоа, шефот на Toyota се впушти во предизвикот на мошне лизгавата и постојано променлива подлога, без ниту еднаш да погреши.

New item by Automedia MK / Google Photos

Благодарен сум на уха, што ми го овозможи возењето. Тој ме водеше безбедно, за да можам да се чувствувам пријатно. Патиштата беа тешки – не само лизгави, туку и исклучително тесни. Нивната површина се чинеше како да се менува од момент во момент, исто како етапите на Рели Јапонија“, раскажа Акио Тојода по возењето. „На настанот имавме и Toyota Mirai, за да покажеме како функционира надворешното напојување со струја. Заедно со нашето возило со мотор што користи водород, имавме можност да го прикажеме потенцијалот на водородот во Европа, како опција за постигнување СО2-неутралност.“

Легендата Јуха Канкунен исто така има што да каже за овој потфат: „Акио има одличен стил на возење. Моторот на водород има солиден вртежен момент и во тоа не се разликува од бензински мотор. Бидејќи моторите на водород не испуштаат СО2, тие можат да се користат во мотоспортот, но и во секојдневието, со цел да се постигне неутралност во поглед на климата.“

Водороден погон на Toyota ќе работи во автобуси Mercedes-Benz

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

McLaren ќе се вози и во Индија

Fiat, лето, кабриолет, тоа е природно тројство